Македонија се подготвува за поплави, на критичните точки се поставуваат насипи
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100223
Македонија се подготвува за поплави, на критичните точки се поставуваат насипи
Превентивни насипи со вреќи со песок ќе почнат да се поставуваат од денеска на пониските делови на патот Струга-Охрид со цел да се заштити сообраќајницата од можни поплави.
Според Мишко Талевски, портпарол на Центарот за управување со кризи(ЦУК), насипи се поставуваат во неколку делови на земјата, за да се спречи евентуално поплавување што може да го предизвикаат најавените нови врнежи од дожд во следните два-три дена.
Од ЦУК соопштуваат дека состојбата будно се следи на територијата на целата земја и дека веднаш ќе се интервенира на местата каде што ќе има потреба.
Нивото на Охридското езеро денеска е зголемено за уште еден сантиметар, но преку Црн Дрим се испуштаат доволно количество вода за да не дојде до прелевање на езерото во крајбрежниот појас.
Во врска со загрозувањето на потесното крајбрежно подрачје на селото Пештани, од ЦУК истакнуваат дека станува збор за подземни води во објектите во близина на езерото и дека се случувало таму вода да се појавува и во летниот период.
Во Полошкиот регион превентивно ќе се поставуваат вреќи со песок покрај реката Вардар во атарот на селото Форино, а доколку има потреба ќе се интервенира и во атарот на селата Јегуновце и Раотинце.
Талевски информираше дека состојбата со поплавите во пелагонискиот регион и општина Македонски Брод во последните 24 часа се стабилизира и веќе денеска се бележи опаѓање на нивото на реките.
Од ЦУК информираа дека се работи и на санирање на оштетениот пат Ресен-Битола, каде наизменично се пропуштаат возила по една коловозна лента, а полицијата поставува дополнителна светлосна сигнализација.
Талевски рече дека за два до три дена ќе биде нормализирано обраќањето на сообраќајот на две коловозни ленти на патот Маврово-Дебар, кој беше во прекин поради лавини и лизгање на земјиштето.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Македонија се подготвува за поплави, на критичните точки се поставуваат насипи :: Comments
No Comment.
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот