Автопатот Скопје- Велес отворен за сообраќај
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100220
Автопатот Скопје- Велес отворен за сообраќај
Двете коловозни ленти на автопатот Скопје-Велес попладнево околу 15 часот се отворени за сообраќај и движењето по нив се одвива безбедно.
Ова за НајФорумче го изјави Божидар Цветковски од ЈП Македонија пат, раководител на делницата од Катланово до Велес, кој денеска ја координираше акцијата на екипите кои го расчистуваа одронот.
Според него, во моментов најпрво се пропуштаат лесните моторни, а потоа и товарните возила кои формираа колона кај наплатната станица во Петровец на излез од Скопје.
Екипи на Македонија пат наредните денови во координација со полицијата ќе го отстранат и остатокот од ризичниот карпест масив од каде утринава се одронија околу 1000 кубни метри карпи и камења.
Големиот одрон кој се случи утринава околу 9 часот предизвика шестчасовен застој во сообраќајот на патниот правец од Скопје кон Велес, а возилата беа пренасочувани кон Свети Николе.
Добрата координација меѓу полицијата која се затекнала на самото место на одронот и екипите на Македонија пат спречија катастрофа која можеше да се случи откако карпестиот масив се урна блокирајќи ги двете коловозни ленти од автопатот.
Цветковски порано во текот на денот изјави дека причината за одронот се врнежите и мразот кој предизвикал пукање на карпите кои паѓаа врз коловозот. За среќа немаше повредени.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот