Температури од +16, опасност од нови поплави
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100218
Температури од +16, опасност од нови поплави
Температурите од +16 целзиусови степени и повремени врнежи од дожд што ќе ја зафатат земјава во наредните три дена ќе предизвикаат топење на снегот и зголемување на водостојот на реките со што се зголемува опасноста од поплави.
Метеоролозите најавуваат дека до недела ќе имаме променливо облачно време со повремен локален дожд. Во петок се очекува да дува засилен ветер од јужен правец. Од УХМР предупредуваат дека топлото време и врнежите ја зголемуваат опасноста од поплави.
Највисока температура во четврток се очекува да достигне 16 степени во Гевгелија, до 13 во Демир Капија, и 11 целзиусови степени во Битола и во Охрид.
Во Охридско струшкиот регион, и во цела западна Македонија се очекуваат и врнежи од дожд со што се зголемува опасноста од излевање на Охридското езеро кое утринава ја надмина највисоката кота и поплави дел од крајбрежјето.
По обилните врнежи деновиве нивото на Охридското Езеро се покачи на 693, 86 метри надморска височина, што е за 11 сантиметри над максималната кота утврдена со Билатералниот договор помеѓу Македонија и Албанија.
Од Центарот за управување за денеска најавуваат прес конференција на која ќе ги презентираат состојбите со поплавите во земјава.
Историски фотографии на бесно Охридско езеро
На сајтот на Охридњуз денеска се објавени фотографии од шеесетите години на минатиот век на кои јасно се гледа како високи бранови го заплиснуваат целото Охридско крајбрежје.
Фотографиите се објавени по денешното поплавување на помали мостови, природни патеки и други делови на крајбрежјето во центарот на Охрид.
Фотографиите се испратени од Милан Клаиќ кој раскажува дека во тоа време плоштадот често бил заплискуван од езерските води.
Тој е загрижен од високиот водостој на езерото, кој деновиве се повеќе се зголемува поради дождот и високите температури, но вели дека повеќе го загрижува односoт на локалната и централната власт, кои меѓусебно си префрлаат околу ингеренциите над Охридското Езеро.
„Можеби овие фотографии ќе делуваат поучно на одговорните органи да ги преземат неопходните мерки да се избегнат несакани последици“, вели Милан Клаиќ.
Фотографиите се направени во 1963 година од охриѓанецот Владо Паунче - Скитник и сведочат за поплавите кои се случиле во тоа време.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот