Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Десетте најголеми испуштени таленти на последната деценија

Go down

20100217

Пишување 

Десетте најголеми испуштени таленти на последната деценија Empty Десетте најголеми испуштени таленти на последната деценија




Како пропаднаа Мендиета, Диуф, Павон...? На почетокот од деценијата сите погледи беа вперени кон нив и сите очекуваа тие да станат големи ѕвезди со кои ќе се идентификува модерниот фудбал.

Десетте најголеми испуштени таленти на последната деценија Img38915802

Место тоа, стигнаа до никаде, а кариерите на голем дел од нив неславно им завршија. Некои дури можат да бидат среќни што љубителите на фудбалот ги запомниле нивните имиња.

1. ГАИСКА МЕНДИЕТА
Убедливо најперспективниот фудбалер на почетокот од новиот милениум. Ја почна кариерата во Валенсија и стана универзален играч под водство на Клаудио Раниери.

Кога дојде Хектор Купер беше најголема ѕвезда во тимот кој два пати по ред играше во финалето од Лигата на шампионите. Поради неговите магични додавања и удари, креативноста во играта и безграничната енергија, два пати ја освои наградата на УЕФА за најдобар играч од средниот ред и сите аналитичари едногласно прогнозираа дека ги има сите услови еден ден да стане најдобар светски фудбалер.

Барселона и Реал направија се што можеа да го донесат во своите редови, но место тоа Валенсија го испрати во Лацио. Во 2001 година римскиот клуб за шпанскиот репрезентативец плати 48 милиони евра правејќи го со тоа шестиот најскап играч на сите времиња.
И место уште подобри игри, Мендиета комплетно колабираше на фудбалски план. Не успеа да се снајде во Италија, не се избори за место во шпанската репрезентација од 2002 година, помина уште една ужасна сезона во Барселона и на крајот заврши во Мидлсброу. Така, само три години откако беше прогласен за најголема надеж на шпанскиот фудбал, заврши во просечниот Риверсајд и речиси ниеден медиум не најде простор да соопшти кога тој ја заврши кариерата во 2008 година.


2. ЕЛ ХАЏИ ДИУФ
Пробивот на Сенегал во четвртфиналето од Светското првенство во 2002 година ги шокира љубителите на фудбалот, а најголема ѕвезда на африканската селекција беше токму Диуф. Брз како стрела, бестрашен и технички одлично подготвен, тој ги измчуваше одбранбените фудбалери каде и да игра.

На 21 година беше еден од најголемите таленти во светот и Ливерпул воопшто не се двоумеше да му плати на Ленс десет милиони фунти за да го донесе во своите редови. И токму тука почна крајот на кариерата на Сенегалецот. Неговото име многу почесто се спомнуваше во врска со некакви скандали отколку поради настапите на фудбалските терени. Во првата сезона во Ливерпул постигна само три гола, а во втората ниеден. Рафа Бенитез уште при доаѓањето се ослободи од него и оттогаш Диуф постојано менува клубови.

Тешко е да се каеже дали Болтон, Сандерленд и сега Блекбурн се навистина среќни што го имаат во тимот иако Диуф е маркантна фигура. А, што се случи со сензацијата Сенегал? Никогаш повеќе оттогаш не обезбеди пласман на Мундијал, а Диуф лани се откажа од националниот тим со 28 години.


3. ФРАНЦИСКО ПАВОН
Местото на тогаш младиот стопер во историјата беше загарнтирано откако неговото име стана дел од филозофијата "Зиданите и Павоните" на Флорентино Перез за време на неговиот прв мандат во Реал. Таа клупска политика се засноваше на идејата супер-големи имиња од светската фудбалска ѕвезда да играат рамо до рамо со децата од школата на Реал.

Од младиот Франциско Пако Павон кој избори место во првиот тим во 2001 година се очекуваше да стане новиот Фернандо Хиеро и тој доби неограничен кредит од раководството на клубот. Играше се почесто, но место повеќе, тренерите понатаму имаа се помалку доверба во него. Така, во 2004 година тој дојде до клупата, а една година подоцна почна да паѓа во заборав. Во 2007 година го облече дресот на Сарагоса, но дури и таму не беше меѓу стартерите.

Сега кога игра многумина се чудат дали е тоа тој талент кој на почетокот од деценијата беше најголемата надеж на еден Реал Мадрид.


4. СТЕФАНО ФИОРЕ
Стефано Фиоре никогаш не доби вистинска шанса во ѕвездениот тим на Парма на почетокот од неговата кариера, но трансферот во Удинезе во 1999 година го направи еден од најзборуваните фудбалери во Серија "А". Елегантен играч со фантастичен преглед на играта и "додавања со очи" беше толку високо оценуван што Дино Ѕоф целосно ја промени стратегијата и концепцијата на италијанската репрезентација туркајќи го Франческо Тоти понапред само за да отвори место за Фиоре.

Тој одигра одлично Европско првенство во 2000 година, а Лацио потоа плати 20 милиони евра за неговиот потпис. И оттогаш кариерата тргна надолу. Во Лацио не успеа да се најде себеси бидејќи тренерот инсистираше тој да игра како лево крило. Точка на кариерата беше трансферот во Валенсија во 2004 година бидејќи таму не доби вистинска шанса, па го загуби местото во репрезентацијата
Сега, на 34 години, игра во третолигашот Козенца чудејќи каде го направи погрешниот чекор на патот до ѕвездите.


5. ФАБИАН КАРИНИ
Карини е вечната "голема голманска надеж". Уругваецот го почувствува вкусот на славата во 1999 година кога како 19-годишник и помогна на својата репрезентација да ја освои титулата на Копа Америка особено во натпреварите што се решаваа на пенали како оние со Парагвај и Чиле.

Веднаш беше забележан од Јувентус, но мораше да чека две години за да дојде на голот. Имашеуспешен престој во Стандард Лиеж, го натера и Интер да потпише договор со него, но помина три години на Џузепе Меаца како ветувачки голман без да добие шанса за настап. Дури и испраќањето во Каљари не му помогна да ја спаси во кариерата.

Сега, на 30 години е член на бразилскиот Атлетико Минеиро, а пред неколку дена повторно беше во центарот на вниманието откако прими еден од најсмешните голови во историјата на фудбалот.


6. ФРЕДИ АДУ
Американецот роден во Гана беше сметан за еден од најголемите таленти на светскиот фудбал. Голема прав за него се крена уште кога имаше 12 години. Редица италијански клубови чекаа на ред за него, на 14 години стана најмладиот професионален спортист во последниот век, потпишувајќи професионален договор со ДЦ Јунајтед. Првиот гол го постигна на само 15 години, но изгледа дека медиумскиот циркус го "уби" талентот на Аду.

Подложен на критики уште од најрана младост, тој не успеа никогаш да ги оправда нереалните очекувања. Трансферот во Бенфика во 2007 година се покажа неуспешен, потоа беше позајмен во Монако, но ниту таму, ниту сега во Белененсес не се зборува за него како за квалитетен фудбалер иако има едвај 20 години.


7. ХАВИЕР ПОРТИЉО
Кога Портиљо влезе во првиот тим на Реал Мадрид во 2002 година како едвај 20-годишник, едногласно беше прогласен за новиот Раул. Во својата прва сезона постигна пет гола на десет натпревари во Примера и осум во Купот на Шпанија. Кога тој влегуваше во игра од клупата, цел Бернабе го пееше неговото име.

Но, отказот што го доби Дел Боске во 2003 година практично ги урна сништата дека Реал ќе добие уште една своја голема ѕвезда. Во втората сезона постигна само еден гол и потоа беше испратен на позајмица во Фиорентина, па во Бриж и никогаш не доби шанса да се врати назад. Тоа влијаеше и на самодовербата на Портиљо кој од голема надеж се претвори во резерва во Осасуна неспособен да постигне гол.

Лани пристигна во второлигашот Херкулес кој има амбиции да се пласира во Примера. Но, ни тоа нема да ја спаси кариерата на Портињо која по се изгледа се ближи кон крајот иако има само 27 години.


8. РИЧАРД КНОПЕР
Се сеќава ли некој на ова име? На почетокот на овој милениум Кнопер беше најголемиот талент на Ајакс, наречен легитимен наследник на Денис Бергкамп иако во играта повеќе наликуваше на Литманен. Плејмејкер со длабок поглед на теренот, Кнопер имаше еден неверојатен талент: да го погоди горниот агол од голот од кое сака растојание.

Катастрофата за него дојде пред крајот на 2000 година. Тешка повреда го принуди да паузира речиси цела сезона, а новиот тренер Ко Адриансе потоа не му даде нова шанса. Се пресели во Арис, па во Херенвен, па во Витесе, а од 2006 година игра за Ден хаг.

Уште поразочарувачки и попоразителен е фактот што Кнопер сега има 33 години, а не одигра ниеден натпревар за холандската репрезентација. За неговиот талент, тоа е голем срам.


9. МАРАТ ИЗМАИЛОВ
Судбината на рускиот плејмејкер си поигра со неговиот живот. Тој за рекордно кратко време го помина патот од резервната клупа на Локомотив до репрезентацијата на Русија и за само шест месеци беше прогласен за најголем талент во својата земја. Во 2002 година беше прогласен за играч на годината во Русија, настапи и на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја и беше двигател на Локомотив Москва кој следната сезона ја освои шампионската титула во првенството.

Брилијантен плејмејкер со неверојатни технички квалитети и чувство за гол. За жал, кариерата на Измаилов беше проследена со постојано повреди и тој речиси не помина една цела сезона без вакви проблеми. Од 2005 година се поретко беше стартер и ја загуби својата самодоверба.

Последниот меч за руската репрезентација го одигра во 2006 година, следната сезона се пресели во Спортинг Лисабон за да ја спаси кариерата, но среќата не му проработе и сега иако врсник со Андреј Аршавин (27 години), е далеку зад фудбалерот на Арсенал.


10. МАРСЕЛ КЕТЕЛЕР
Пред десет години Кетелер беше едно од највозбудливите имиња во германскиот фудбал. По неколку впечатливи настапи за Борусија Менхенгладбах и германскиот национален тим до 21 година, го купи Хамбургер во 2000 година за сума од пет милиони марки. Одличен техничар и вреден фудбалер, буквално правеше нештата да се случуваат околу него.

Постигна гол на дебито за Хамбургер и имаше блескав настап на враќањето на овој тим во Лигата на шампионите во мечот што заврши 4:4. Но, подоцна се одеше само надолу. Го загуби местото во стартниот тим на Хамбургер, па беше испратен на позајмица во матичната Борусија Менхенгладбах за на крајот од Нирнберг да заврши во Ален.

Последен пат, сега 33-годишниот Кетелер настапуваше во Австрија, но во моментов е во потрага по нов клуб откако доби отказ од Рапид.
avatar
GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Десетте најголеми испуштени таленти на последната деценија Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот