Пиво = добро. Добро?
Пиво = добро. Добро?
Ах, овие добри научници. Можеби не измислуваат лек за некои тешки болести или не пронаоѓаат еликсир за вечен живот (кој сака да живее вечно бе?) ама даваат оправдание за конзумација на еден еликсир кој ако не вечен, нуди попријатен живот
Истражувачите од прехрамбено-технолошкиот оддел на Универзитетот во Калифорнија открија дека пивото е богат извор на силициум и со тоа може да придонесе кон спречување на остеопорозата бидејќи силициумот од храната е клучен за зголемување на минералната густина на коските.
Според анализите, пивото содржи меѓу 6,4 и 56,5 милиграми силициум во литар. Просечното секојдневно внесување на силициум во организмот варира од 20 до 50 милиграми по литар. Истражувањето исто така покажа дека светлите пива имаат најголема, додека безалкохолните, лајт и пченкарните пива имаат најмала стапка на силициум во себе.
Сепак, Чарлс Бамфорт, раководителот на истражувањето за научниот магазин Discover изјави дека овие резултати не би требало да се земаат премногу здраво за готово и дека тој во изборот на пиво „би се држел до вкусот“ пред се.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот