Талер: Исполнети одредниците, потребно е решение за името
Страна 1 of 1

Македонија ги исполни одредниците за добивање на датум за преговори, но потребно е и решение за проблемот со името со Грција.
Ова денеска од говорницата во Европскиот Парламент го порача известувачот за Македонија, Зоран Талер, за време на дебатата посветена на неговиот извештај за напредокот на земјава.
„Властите во Скопје ги исполнија клучните обврски од договорот, бенчмарковите. Апелирам до нашите пријатели во Грција да седнат со Владата во Скопје и да се обидат да изнајдат решение. Мирот, стабилноста и социјалната кохезија се во прашање. Како заклучок, да нагласам дека Македонија е земја кандидат од 2005 година. Мора да бидеме свесни за последиците од нашите одлуки или недонесувањето одлуки. Секогаш кога одам во Скопје јасно порачувам: Вие сте одговорни да изнајдете решение со Грција. Мора да сториме се што можеме за да помогнеме во изнаоѓањето решение“, рече Талер.
Речиси сите европратеници што говореа за извештајот за Македонија побараа скорешно решавање на проблемот со името како последна пречка до одредувањето на датум за преговори со Унијата.
“ПЈРМ треба да постигне договор со Грција околу спорот со името. Ниедна влада во Атина нема да преживее ако преговорите почнат без решение за името. Тоа е политичка реалност“, рече грчкиот европратеник Јоанис Касулидес.
Денешната расправа ја искористија бугарските европратеници за да го претстават нивниот став дека одржувањето на добрососедски односи е еден од клучните услови во европската интеграција на Македонија.
„Изградбата на македонската нација се одвиваше по Втората Светска Војна. Афирмацијата на националното чуство не смее да ги потиснува граѓаните со бугарско национално чуство“, рече бугарскиот пратеник Евгениј Кирилов.
Дел од пратениците застанаа во одбрана на Македонија и побараа прашањето за името како билатерален спор да не влијае во интеграцијата на државава во Унијата.
„Грција ја ужива солидарноста од сите останатите 26 земји членки. Прашањето за името е билатерално што не треба да биде пречка за отварање на преговорите. Мислам дека властите ги презедоа сите неопходни реформи за нивен старт“, рече германскиот пратеник Дорис Пак.
„Според привремената спогодба од 1995 година, Грција се согласи да не го блокира влезот на земјата во меѓународните организации под привремената референца ПЈРМ. Ние на земјата и се обраќаме како ПЈРМ. Поради тоа, не постои правна основа Грција да го блокира пристапувањето на Македонија во Унијата. Повикувам на состанокот на Советот во март да биде одреден датум за старт на пристапните преговори“, рече романскиот пратеник Моника Маковеј.
Според извештајот на Талер што се очекува денеска да биде потврден од страна на Европскиот Парламент, се бара Советот на ЕУ да одреди датум за старт на преговори со Европската Унија во март годинава.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот