Индексите и прометот во надолна линија
:: Македонија и свет :: Бизнис
Страна 1 of 1
Индексите и прометот во надолна линија
Продолжуваат умерените опаѓања на индексите од македонската берза за хартии од вредност, а при денешното тргување беше остварен низок промет од 7.744.223,50 денари.
На официјалниот пазар беа остварени 5.521.007,50 денари кои се реализираа преку 91 трансакции, додека на редовниот пазар прометот изнесуваше 2.223.216,00 денари при остварени 35 трансакции.
Тргувањето со државните обврзници изнесуваше 547.577,50 денари.
МБИ10 го оствари третото намалување по ред со дневен пад од 0,36%, а вредноста се намали за 10,49 индексни поени, односно се позиционираше на ниво од 2.875,42 индексни поени. МБИД го промени трендот од претходниот ден и навлезе во црвената зона при намалување од 0,76%, додека неговата вредност при затворањето на пазарот изнесуваше 3.153.82 индексни поени. ОМБ загуби 0,16% од својата вредност која изнесуваше 110,40 индексни поени.
Од официјалниот пазар најтргувана беше Алкалоид Скопје со промет од 964.252,00 денари. Просечната цена од 4.845,49 денари значеше намалување од 0,94% на дневна основа. Ценовниот распон се движеше од 4.801,00 денари до 4.890,00 денари, а последната реализирана цена изнесуваше 4.890,00 денари. Истргувани беа 199 акции кои се реализираа преку 22 трансакции.
Следуваше акцијата на Комерцијална Банка Скопје со промет од 920.294,00 денари. Просечната цена изнесуваше 3.098,63 денари, што значеше пораст од 0,42% на дневна основа. Истргувани беа 297 акции кои се истргуваа преку 8 трансакции.
На најликвидните од официјалниот пазар им се придружи и Гранит Скопје со промет од 737.788,00 денари. При просечна цена од 776,62 денари беше регистрирана мала позитивна промена од 0,14%. Истргувани беа вкупно 950 акции кои се реализираа преку 13 трансакции.
ФЗЦ 11 Октомври Куманово беше најликвидната акција на берзата, односно на редовниот пазар со промет од 1.041.250,00 денари. Просечната цена од 1.073,45 денари предизвика остар пад од 3,37%. Истргувана беше количина од 970 акции кои се реализираа преку 8 трансакции.
Меѓу најликвидните од редовниот пазар беше и акцијата на Тутунска Банка Скопје со промет од 803.594,00 денари. Дневната просечна цена од 4.899,96 денари значеше намалување од 1,00%. Истргувани беа 164 акции кои се реализираа преку 12 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот регистар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 08.02.2010 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
Комерцијална Банка Скопје – 78 обични акции.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. ФЗЦ 11 Октомври Куманово
2. Алкалоид Скопје
3. Комерцијална Банка Скопје
4. Тутунска Банка Скопје
5. Гранит Скопје
Хартии од вредност со најголем раст
1. ОКТА Скопје 1,52%
2. Тетекс Тетово 1,40%
3. Комерцијална Банка Скопје 0,42%
4. Реплек Скопје 0,27%
5. Гранит Скопје 0,14%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Млаз Богданци 25,00%
2. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 4,28%
3. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 3,37%
4. Макстил Скопје 1,95%
5. Р:Македонија – Денационализација 07 1,32%

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
:: Македонија и свет :: Бизнис
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот