ВИДЕО: Авторите на „Скопје 2014“ против „девалвирањето на нивниот труд“
Страна 1 of 1

Дел од авторите на проектот „Скопје 2014“ денеска со писмо се огласија против, како што велат “неоснованите и нестручни напади“ на кои се подложени по обелоденувањето на проектот.
Вкупно 18 архитекти, автори на споменици и останати стручни лица се потпишани на писмото со кое се бара да престанат „некултивираните, неоснованите, невештите и нестручните напади кои деновиве без никаков аргумент се упатуваат кон проектот и кон авторите“. Велат дека не прифаќаат политичка, туку естетска дебата за нивните дела.
„Цениме дека ова е само невешт пример за обид за внесување на негативен аспект во перцептивното поимање на проектот од страна на граѓаните. Структурите од кои ги доживуваме овие напади, ни создаваат сериозно чуство на сомнеж дека девалвацијата на овој проект е дневно - политички мотивирана. Македонската јавност треба, но и веќе знае, дека со овој проект Скопје ќе има содржина и физиономија и Скопје вистински ќе заличи на метропола. Ние со нашиот авторитет и кредибилитет тоа го потврдуваме и го гарантираме“, вели Жарко Башески, автор на спомениците на Гоце Делчев и на Даме Груев.
Башески информира дека спомениците на Делчев и Груев се очекува да бидат поставени за еден месец. На локацијата пред Камениот мост веќе се работи за подготовките за поставување на нивните постаменти. Бара трпение од јавноста до конечното поставување на спомениците.
„Ние не сакаме да се ставиме во ситуација да браниме нешто што визуелно го немаме доживеано“, вели Башески.
За месец и половина од леарницата во Фиренца треба да пристигнат и двата лава што ќе бидат поставени на мостот „Гоце Делчев“, од страна на Владата. За авторот Дарко Дуковски нема дилеми дека е оправдано поставувањето токму на овој симбол.
„Македонија отсекогаш се идентификувала со лав. Не гледам причина зошто да не бидат поставени лавовите“, вели Башески.
Зад писмото во кое авторите велат дека „проектот Скопје 2014 е временски, визионерски и концептуално исправен“, покрај Башески и Дуковски, се потпишани и Слободан Милошевски, Кирил Мукаетов, Валентина Стефановска, Димитар Филиповски, Ангел Коруновски, Томе Аџиевски, Елена Дуковска, Константин Јанев, Богоја Ангелковски, Роза Павлевска, Перо Кованцалиев, Војдан Запров, Зоран петров, Јован Стефановски - Жан, Вангел Божиновски и Виктор Михајлов

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот