ЕП за комисијата на Баросо и за Македонија
Страна 1 of 1

Европскиот парламент во понеделник го започнува своето февруарско пленарно заседание, чија централна тема е гласање за втората комисија на Жозе Мануел Баросо.
Европарламентарците во среда, како што е најавено, ќе го разгледуваат извештајот за напредокот на Македонија, како и извештаите за Хрватска и Турција.
Извештајот за Македонија, што го подготви словенечкиот пратеник Зоран Талер, го повикува Советот на ЕУ на самитот во март без одложувања да определи датум за почеток на претпристапните преговори.
Во врска со прашањето за името, извештајот ги повикува владите во Скопје и Атина, да ги засилат напорите за изнаоѓање на решение, додавајќи дека унијата треба да им помогне.
Македонските власти се повикуваат да ги забрзаат реформите на јавната управа и на судството, борбата против корупцијата и обезбедувањето на правата на жените и на малцинствата.
Европската комисија во вторник ќе гласа за новиот состав на Европската комисија. За потврдување на новиот кабинет на Баросо потребно е просто мнозинство во парламентот.
Се очекува дека парламентарците ќе и дадат зелено светло на комисијата, откако парламентарните одбори дадоа позитивно мислење за сите 26 кандидати за комесари.
Пред гласањето Баросо на европратениците ќе им ја презентира својата програма, како и новата екипа.
Кабинетот на Баросо треба да биде потврден и во Советот на Европската унија, по што се очекува во среда и официјално да стап на должност.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот