Будимир: Тоше беше мојот живот и мојата љубов
4 posters
Страна 1 of 1
Будимир: Тоше беше мојот живот и мојата љубов
Цитат од Шпиц:
Хрватскиот магазин „Национал“ вчера го објави ексклузивното интервју со Андријана Будимир, поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, во кое таа зборува за драматичната приказна за скриената љубов со популарната музичка легенда Тоше Проески. Принцезо моја, спиј убаво, јас ќе те чувам во сонот. Се има смисла, откако пак си во мојот живот. Те сакам, убаво спиј. Ова се зборовите што ги содржела последната порака што ракометарката Андријана Будимир ја добила од своето момче Тоше Проески, кој минатиот вторник загина во тешка сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.
Кој ви јави дека загинал Тоше?
- Моја пријателка. Јас ни денеска не верувам дека го нема повеќе.
Кога последен пат се видовте?
-
Во понеделникот утрото заминавме заедно од Крушево за Скопје бидејќи Тоше имаше интервју со Весна Петрушевска. По интервјуто си дојде дома, се избањавме заедно, вечеравме и цело време ми велеше: „Не ми се оди, не ми се оди, едноставно не ми се оди“. Неколку пати ме праша: „А да не одам, што мислиш ти?“ Му реков да му се јави на Зухра и да му каже дека ќе стигне дури вечерта. Беше уморен и најверојатно ќе останеше со мене. Но, сепак, одлучи да замине и ми рече: „Чекај ме тука, чекај ме тука и не оди никаде“. Беше среќен што бев таму. А и јас исто така. Тешко се разделувавме еден од друг. Пред заминувањето ги зеде клучевите од „бубата“ што толку многу ја сакаше зашто мислеше дека тој автомобил има душа. Тоше многу ги сакаше автомобилите. Ми го даде клучот и ми рече:
„Еве, вози ја „бубата“ и чувај се“. Ми се јави кога ја поминале
границата и ми рече: „Убаво спиј, и мене ми се спие. Те сакам најмногу
на светот“. Тоа беше последното што ми го рече. После тоа заспа
засекогаш. О Боже, зошто ми го зеде... Јас се уште не верувам дека го
нема. Како ќе живеам без него? Ми беше се на светот.
Возачот Ѓорѓи Ѓорѓиевски ви е добар пријател.
-
Не ме прашувајте дали го обвинувам. Не го обвинувам. Тоше и Џоле ги
испратив околу 11:15 часот. Џоле ми е голем пријател и тоа што се случи е божја судбина. Уверена сум дека да можеше, Џоле би загинал наместо Тоше. Го сакаше повеќе од себе. Беа неразделни. Никогаш нема да се ослободи од вината што ја чувствува. Ѓорѓи возеше бидејќи возачот на Тоше беше на годишен одмор.
Многумина не знаат дека му бевте најголемата љубов во неговиот живот. Тоше во своите интервјуа велеше дека се уште не ја пронашол љубовта на својот живот, дека имал желба
некој да го сака поради него, а не поради неговиот успех. Пред
загинувањето, во интервјуто со Весна Петрушевска рече дека сте пријатели. Зошто?
- Тоше беше под голем притисок од јавноста. Нашата врска беше тајна само од една причина - поради неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, која тврдеше дека тоа не треба да се знае во јавноста. Инсистираше Тоше во јавноста да има имиџ на слободно момче. Тој не се согласуваше со тоа и ми рече да почекам до Нова година, да поминат сите концерти, а потоа ќе го ставиме тоа на свое место.
Каков беше вашиот однос со неговата менаџерка? Во интервјуто што го споменавме претходно, Тоше тврдеше дека таа му била како втора мајка.
За никого не сакам да зборувам лошо. Сликата во јавноста беше сосема поинаква. Лилјана само мене не можеше да ме оддели од него. Сега и онака ќе се дознаат многу работи, таа никогаш не му била втора мајка.
Ви сметаше ли тоа што на некој начин ве криеше?
Му реков - тоа е твоја кариера и ти одлучуваш. Од друга страна, не
сакав да се експонирам и го прифатив тоа. Се вратив само поради него и воопшто не ми беше битно дали медиумите ќе знаат дека јас постојам во неговиот живот или не. Јас знаев дека постојам.
Во едно интервју изјавивте „преполна сум повреди, но пред се сакам семејство со три деца. Попусто ми се сите тие пари ако го немам тоа“.
Дали вашата врска со Тоше одеше во тој правец?
- Многу сакавме деца, но поради неговата кариера во овој момент, тоа беше невозможно. Пред неколку месеци, една вечер се врати од пат и ми рече дека има подарок за мене. Сакав веднаш да дознаам што е, но ми рече да почекам во собата на катот. Мислев дека тоа е торта што треба да ја ставам во фрижидер. По неколку минути ме повика. Во рацете држеше златен ретривер. Ми рече:
„Еве ти куче, барем некое време да не „плачеш“ за бебе“. Кога рече дека се вика Бас, му реков дека треба да го викаме Клавир. Бев толку среќна. По цели денови си игравме со него. Беше право бебе. Пред само неколку дена бевме во едно кафуле со нашето друштво, беше многу среќен и добро расположен. Го зеде микрофонот, ми пееше пред сите и ми рече: „Уште една година и сакам да ми родиш дете“. Не се сеќавам дали некогаш сум почувствувала поголема среќа.
Re: Будимир: Тоше беше мојот живот и мојата љубов
НЕ ШИРИ Шпекулации
Jimmy- Пензионер
-
Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19
Re: Будимир: Тоше беше мојот живот и мојата љубов
кај го најде ШПИЦ бе аман! по глупав весник нема, а нема ни да има! после него е ВРЕМЕ!
а за Будимир, колку што знам јас точно е ова!
а за Будимир, колку што знам јас точно е ова!
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот