Иванов - Грција ја доведува во заблуда меѓународната заедница
Страна 1 of 1

Безбедноста на Европа е незамислива без стабилна Југоисточна Европа, изјави денеска во своето обраќање пред учесниците на безбедносната конференција во Минхен македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.
Тој додаде дека рецептот за стабилност во регионот е многу едноставен, брз прием на целиот регион во евроатлантските структури, политички одлуки со визија, со долготрајна полза.
Иванов во своето обраќање се задржа и на наметнатиот спор за нашето уставно име од страна на нашиот јужен сосед, поради кој Грција го спречи приемот на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт, и покрај позитивната препорака од ЕК го спречи и одредувањето на датум за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.
„Значи, втора блокада во краток временски период. Тоа ли е придонес кон европската безбедност и просперитет? Ако аргументот на Грција беше дека Македонија претставува безбедносно прашање, со тоа што се вика Република Македонија, тогаш зашто Грција го спречи нашиот влез во НАТО? Зошто Грција се осмели да прекрши меѓународен договор, Времената спогодба од 1995-та и не дозволи Република Македонија да влезе во НАТО со привремената референца која се користи во ОН? Тоа ќе беше најголемата гаранција на Грција дека Македонија не е безбедносна закана кон ниту еден сосед? запраша Иванов
Тој додаде дека Република Македонија прави се, активна е и дава иницијативи да се дојде до решение кое ќе се заснова врз меѓународното право и принципи, решение во рамките на Резолуциите на Светската организација, решение во кое нема да има победници и поразени и ја обвини Грција дека ја доведува во заблуда меѓународната заедница.
„Но, не прифаќаме да се рушат индивидуалните човекови права со присила и уцена“, нагласи шефот на македонската држава, додавајќи дека условот кој ни е наметнат за да продолжиме по патот на нашата евроатлантска интеграција, не вклучува само одрекување од името на нашата држава, туку и одрекување од индивидуалните човекови права на граѓаните, правото на човеково достоинство и правото на самоидентификација.
Иванов во своето обраќање пред безбедносната конференција во Минхен се осврна и на Охридскиот договор, значителното учество на Македонија во мировни мисии, добрососедските односи, кои почиваат на заеднички интереси и регионален развој.
„На нашиот регион денес му е потребно она што јас би го нарекол Pax Europana. Затоа што самата европска идеја е мировен проект. Сега е повторно моментот, преку Балканот, европската идеја да продуцира мир“, порача шефот на македонската држава Иванов пред учесниците на безбедносната конференција во Минхен.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот