Германија се залага за формирање на европска војска
Страна 1 of 1

Германија на долг рок поддржува формирање на војска на Европската унија (ЕУ), со што Унијата ќе стане значаен „глобален играч“.

Ова денеска во рамките на безбедносната конференција во Минхен го изјави шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле, додавајќи дека војската на ЕУ треба да биде способна за брзи интервенции и независно да ги решава кризните ситуации.
Вестервеле, како што пренесуваат агенциите, рече дека долгорочен план е формирање на заедничка војска на Европската унија, која би била под целосен парламентарен надзор.
Тој изрази уверување дека плановите за формирање на заедничка европска војска немаат намера да ги поткопуваат веќе воспоставените безбедносни структури, ниту пак се насочени против некого.
„Никој не треба да се плаши од Европа. Но секој ќе може да се потпре и да смета на неа“, рече шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле.
На безбедносната конференција во баварската престолнина учествува и шефот на македонската држава Ѓорѓе Иванов./

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот