Во метеор откриени материјали поцврсти од дијамант
:: Забава и култура :: Занимливости
Страна 1 of 1

Два вида на јаглеродни кристали пронајдени во метеорот Хаверо, кој во 1971 година падна во Финска, се наоѓаат на прво место на табелата на најцврсти природни материјали на Земјата.
[You must be registered and logged in to see this image.]
Тристан Феро, професор на Универзитетот во Лион, во списанието Earth and Planetary Science Letters, соопшти за откритието на неговиот тим кој го пронашол новиот материјал поцврст од дијамант. Феро го открил материјалот кога дијамантската бушилка не успеала да го пробие материјалот што се наоѓал во метеорот.
Феро вели дека гледал јаглеродни соединенија кои дополнително се зацврстувале од високата температура и притисокот што се создаваат при влезот на метеорите во Земјината атмосфера и на кои ниту дијамантската бушилка не им можела ништо.
Новооткриените минерали се првите кои остануваат рамномерно имуни на дупчење од било која насока.
Од двата откриени минерала, еден е од видот дијаманти за кои научниците претпоставуваа дека постои уште пред неколку децении, но до сега не бил пронајден во природата.
Вториот е целосна енигма, а првите истражувања покажуваат дека настанал со соединување на слоеви графит и тоа на начин сличен на оној при производството на вештачките дијаманти.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
:: Забава и култура :: Занимливости
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот