Јанакиески:Развојот на електронските комуникации круцијални за земјата
Страна 1 of 1

Владата на Република Македонија развојот на електронските комуникации и информатичкото општество го сваќа како круцијално за развојот на земјата, но и за демократијата и правата на граѓаните.
Ова денеска на Електротехничкиот факултет, на отворањето на меѓународната работилница за следната генерација мобилни телефони, го изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Тој истакна дека во последните четири години во Македонија е направен значаен напредок на полето на либерализацијата на телекомуникацискиот сектор, а најави и скорешно донесување на новиот Закон за електронски комуникации.
Јанакиески рече дека во изминатиот период е забележан голем пораст на интернет корисниците во земјата, со што Македонија стана лидер во регионот.
„Во 2006. година само 7% користеа интернет, во 2008 веќе 29%, а кон крајот на 2009. година регистрирани се 52% корисници на интернет“, рече Јанакиески.
Министерот за транспорт и врски додаде дека македонската Влада и во иднина ќе работи на либерализација на телекомуникацискиот пазар, при тоа истакнувајќи дека во земјата веќе две компании имаат 3Г лиценци, а распишан е тендер за доделување на уште две вакви лиценци.
Свен Тенингас од Меѓународната унија за телекомуникации изрази задоволство од она што е постигнато на полето на телекомуникациите во Македонија.
На меѓународната работилница 3Г-ХСПА и ЛТЕ, во пресрет на новата генерација на мобилни телефони, учествуваат повеќе експерти од областа на телекомуникацискиот сектор и информатиката од регионот и пошироко.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот