Почнува судењето за убиството на Пуканиќ
Страна 1 of 1

Судењето за убиството на сосопственикот и новинарот на хрватскиот неделник Национал Иво Пуканиќ и неговиот соработник Нико Фрањиќ почнува денеска во Загреб, во зголемени мерки на безбедност.
Агенцијата за борба против корупцијата и организираниот криминал на Хрватска, за убиствата ги обвини Роберт и Лука Матаниќ, Амир Мафалани, Слободан Ѓуровиќ, Жељко Миловановиќ и Бојан Гудуриќ, кој во вторник се предаде на властите во Бања Лука.
Групата се товари за убиство од користољубие, тешко кривично дело против општата безбедност и криминално здружување.
Според обвинението убиството на Пуканиќ е организирано за да оневозможи во медиумите во Хрватска и во соседните земји да се објавуваат сознанија за работата на повеќе криминални групи и нивната поврзаност.
Злосторничката организација во Србија на почетокот на 2008 година, ја организирал Сретен Јоциќ, по чиј налог неговиот кум Слободан Ѓуровиќ за 1,5 милиони евра го организирал убиството.
Иво Пуканиќ беше убиен на 23 октомври 2008 година од подметната бомба поставена под неговиот автомобил во дворот на зградата „Национал“ во центарот на Загреб. Заедно со Пуканиќ настрада и Нико Фрањич, маркетинг директорот на компанијата.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот