Token Ring LAN (IEEE 802.5)
2 posters
Страна 1 of 1
Token Ring LAN (IEEE 802.5)
За неупатените малце вовед и теорија 2-3 реда, иначе темава ја отварам бидејќи ме интересира дали некој воопшто сретнал ваква LAN мрежа или пак користел/конфигурирал некогаш. Слушнав дека МТ-НЕТ користеле FDDI Dual Тoken Ring (обично се користи за брзи backbone мрежи).
Token Ring се две мрежи, IBM-овата Token Ring и IEEE 802.5 мрежата (разликите се минимални, да не навлегувам во детали). Физичка врска се остварува преку MSAU (Multi-Station Access Unit) уред (она што е switch или hub кај Ethernet мрежите) а се користат STP или UTP кабли со RJ-45, RJ-11 или IBM-овите А конектори. Начинот на работа е со кружење на токен, кој го поседува може да испраќа или прима податоци. Целта на ова е да се избегнат колизиите, но има одредени недостатоци (губење на токените, минимална толеранција на испад на уреди...) за кои има одредени механизми на справување со истите. Целата мрежа да се постави е доста скапа, а кога ќе се земе фактот дека брзините се движат од 4-16Mbps е повеќе од јасно зошто и речиси да ја нема во комерцијална употреба.

Re: Token Ring LAN (IEEE 802.5)
Јас колку што знам за мрежава (можеби и тресам глупости) е LAN мрежа кај која компјутерите се поставени (поврзани) во фома на RING (и од тука и името за неа), и најчесто се користи за да спречи колизија меѓу два компјутери кои сакаат да пуштат порака во исто време. И многу се користи, ама е ептен скапа, барем јас така мислам.
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот