Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Верниците бараат Тоше да биде прогласен за светец

3 posters

Go down

Верниците бараат Тоше да биде прогласен за светец Empty Верниците бараат Тоше да биде прогласен за светец

Пишување by Kosta Пет Окт 19 2007, 15:32

МПЦ ќе ја разгледува можноста Тоше Проески во иднина да биде прогласен за светец по зачестените барања на верниците, најави вчера преспанско-пелагонискиот владика Петар, претседател на црковната Комисија за канонизација. Тој вели дека е прерано да се
зборува дали и ќе се случи тоа, но за конечната одлука предвид ќе бидат земени сите факти за хуманитарната и верската дејност на познатата македонска музичка ѕвезда.

- Во црквата има правила за тоа на кој начин некоја личност се прогласува за светец. Правило е иницијатива за тоа да не се дава веднаш по нечија смрт. Потребно ќе биде да помине извесно време, да дојдат конкретни предлози, да се соберат сите сознанија за неговата дејност и потоа да се реши дали тој би можел да стане светец. Факт е дека тој беше искрен и голем верник и дека остави големо дело зад себе. Ние сето тоа ќе го имаме предвид - изјави вчера митрополитот Петар.

Верниците бараат Тоше да биде прогласен за светец 4EE41B5EF571ED40A8B754576A928CFA

МПЦво минатата година одлучи да почне со постапка за канонизација на епископот Гаврил Лесновски и архимандритот Јоаникиј од Ракотинци поради големите заслуги што ги имале во ширењето на верата и на добрината меѓу луѓето. Освен за нив, до црковната Комисија за канонизација стасале и многу други предлози за прогласување различни личности за светци. Еден од предлозите е и за масакрираните припадници на македонските безбедносни сили кај Вејце и некои други бранители во војната од 2001 година да бидат прогласени за маченици. Меѓу предложените личности за светци се и Карпош, водач на народното востание против турското ропство во 1689 година. Називите „преподобен“, „исповедник“, „блажени“, „великомаченик“ се само некои со кои во црквата се означуваат светите личности Велчо Стојчевски, жител на Прилеп, во јавноста веќе даде таков предлог:

- По мое мислење Тоше Проески ги имаше сите особини на
едно свето лице со својата скромност, несебичност и дарежливост - смета тој.

Американско-канадскиот митрополит на МПЦ Методиј изјави дека за некој да биде прогласен за светец не е нужно да правел чуда.

Некои може да бидат прогласени за светци поради праведноста и
благочестивиот живот. Поради тоа и народот го зачувал паметењето за
нив. Значи, најважно за прогласувањето е дали култот на една личност
длабоко се вкоренил во народот. Ако постои тоа, се случува
канонизацијата. За делата што ги направил Тоше Проески Господ сигурно нема да го заборави - рече тој.
Kosta
Kosta
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Scorpio

Расположение : Верниците бараат Тоше да биде прогласен за светец Relaxed
Треснал Глупости : 2202
Поени : 159
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : Струга
Ден на регистрирање : 2007-05-16

http://www.najforumce.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Верниците бараат Тоше да биде прогласен за светец Empty Re: Верниците бараат Тоше да биде прогласен за светец

Пишување by Александар Нед Окт 28 2007, 15:23

Kosta напиша:
Американско-канадскиот митрополит на МПЦ Методиј изјави дека за некој да биде прогласен за светец не е нужно да правел чуда.

da?


Kosta напиша:
За делата што ги направил Тоше Проески Господ сигурно нема да го заборави - рече тој.

AMIN
Александар
Александар
Македонија

Расположение : Верниците бараат Тоше да биде прогласен за светец In_Love
Треснал Глупости : 664
Поени : 12
Репутација : 0
Ден на регистрирање : 2007-06-03

Вратете се на почетокот Go down

Верниците бараат Тоше да биде прогласен за светец Empty Re: Верниците бараат Тоше да биде прогласен за светец

Пишување by SteelTemplar Нед Дек 02 2007, 02:40

Ако Тоше го прогласет за светец, јас че отворам црква а и со то че бидит почетокот на новата Гностичка црква на Тоше и че си напрам нова религија (секта) и че напрам пари.

SteelTemplar
Jehovah

Male
Scorpio

Расположение : Верниците бараат Тоше да биде прогласен за светец Psychedelic
Треснал Глупости : 425
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-06-28

Вратете се на почетокот Go down

Верниците бараат Тоше да биде прогласен за светец Empty Re: Верниците бараат Тоше да биде прогласен за светец

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот