Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Чао салце

Go down

Чао салце Empty Чао салце

Пишување by GBL Вто Фед 02 2010, 18:41

Во морето диети и совети за слабеење, лесно е да те заболи глава и да кренеш раце од борбата со вишокот килца. Затоа, ние ги поедноставуваме нештата и ви пренесуваме 8 трикови кои ќе ви помогнат брзо и ефективно да се збогувате со килограмите.

Чао салце Weightloss455-1


Јадете помеѓу главните оброци, но со мерка

Конзумирањето на мали меѓуоброци може да го спречи прејадувањето за време на ручекот или вечерата. Но, “мали“ и “меѓу-оброци“ се клучните термини кои треба да ги имате во предвид и кои значат дека треба да конзумирате мали количини на храна.

И не било каква храна, туку здрави хранливи продукти што значи дека чипс, чоколадо и останати “калориски бомби“ не се опција. Изберете храна која е богата со вредни нутиртивни својства, како што се бадемите или лешниците кои освен што се здрави, се и вкусни.

Чао салце Wightloss230_0

Стресот е забранет

Знаеме, ова е полесно да се каже, отколку направи, но вреди сериозно да се потрудите затоа што е факт дека ако сакате да одржите добро здравје, тогаш морате да пронајдете начини да го избегнете стресот.

За ова не постои конкретно правило затоа што на секој му одговара нешто различно. Па, најдобар совет е да пронајдете активности кои ве развеселуваат и ви помагаат да се опуштите.

Стресот придонесува за слабеење на мускулите и успорување на метаболизмот. А затоа што веруваме дека тоа не го сакате, ви препорачуваме што побрзо да се “фрлите“ на јога, трчање, пливање или било што друго кое ве радува и опушта.

Повеќе сонце и воздух

Многу истражувања покажуваат дека витаминот Д има големо влијание врз слабеењето, но и врз доброто расположение. Затоа, наместо да се излежувате затворени во четири ѕида, искористете го секој убав ден и престојувајте на отворено.

Впијте го секој зрак сонечва енергија и со тоа направете нешто добро за своето здравје, изглед и расположение. Се разбира, во лето кога сончевите зраци не се особено благопријатни за кожата, користете заштитни креми.

Чао салце Wightloss240-2_0

Додајте Ц витамин во исхраната

Витаминот Ц е ваш голем сојузник кога станува збор за битката со вишокот килца - потврдија неколку истражувања.

Најдобро е да го внесувате преку конзумирање на овошје како што е грејпфрутот или преку зеленчук, односно пиперки и сл. Ако пак не јадете овошје и зеленчук (иако дефинитвно би требало), тогаш купете си витамин Ц во таблети. Освен што ќе ви помогне да го “стопите салцето“, ќе осигура и посилен имунитет.

Размрдајте се

Да, сакале или не, движењето и физичката активност се неизбежен предуслов за добра линија и здравје.

Ако немате доволно време за посета на фитнес центар, тогаш искористете ги секојдневните можности за движење. Така, наместо лифт, користете ги скалите. Наместо да се возите со автобус или автомобил, пешачете, а наместо седење пред ТВ, прошетајте се или трчајте.

Ако овие предлози секојдневно ги практикувате, позитивните резултати ќе бидат очигледни. Па сега, ТВ и седење или добар изглед и солидно здравје - изборот е ваш.

Насмевка, молам

Научно е докажано дека смеењето го забрзува метаболизмот и на тој начин помага во слабеењето. А, од искуство веројатно знаете како смеењето ја подобрува и психичката состојба. Затоа, повеќе насмевки, дружба со духовити луѓе, вицеви и гледање комедии. Сепак, не претеруваме кога велиме дека смеењето е клуч за подобар и поквалитетен живот.

Чао салце Weightloss240-1

Магијата на зелениот чај

Сите веќе знаеме дека зелениот чај е еликсир за долг, среќен и здрав живот. А, под тие нешта се подразбира и добра линија, нели?

Така, зелениот чај не би бил толку извонреден, доколку не би го забрзал топењето на масти и исфрлањето на токсини од телото. Воедно е и одличен антиоксиданс кој добро ќе се погрижи за вашата линија, но и за вашето здравје во целина.

Па, драги наши, што чекате? Сега знаете што е потребно за да извојувајте победа врз вишокот салце и истовремено да си го подобрите здравјето . А, имајте во предвид и дека сезоната на костими за капење не е толку далеку. Smile

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Чао салце Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот