Официјално соборен законот за лустрација во Албанија
Страна 1 of 1

Уставниот суд на Албанија го собори Законот за лустрација, оценувајќи го како закон кој не е во согласност со Уставот и е во спротивност со човековите права.
Законот кој е донесен пред извесно време само со гласови на пратениците на Мнозинската демократска партија, според медиумите во Тирана, добил негативна оценка и од страна на Венецијанската комисија.
Мнозинската демократска партија ги осуди уставните судии дека се под целосен притисок на опозицијата.
Пратеничката на Демократската партија Мерсила Дода изјави дека Демократската партија за две недели ќе понуди нов предлог - закон за лустрација и додаде дека законот за лустрација ќе се најде и во Стразбур, бидејќи судиите на уставниот суд во Албанија имаат конфликт на интереси и придонеле за голем број на судски монтирани политички процеси во времето на комунизмот.
Демократите не ја исклучуваат можноста за овој закон да се гласа и на референдум.
Од друга страна, лидерот на опозицијата Еди Рама коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд рече дека премиерот Бериша уште еднаш, по кој знае кој пат, се гледа дека работи против интересите на уставот на земјата.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот