Откупот на земјоделски производи законски ќе се регулира
Страна 1 of 1

Откупот на земјоделски производи во иднина ќе го вршат само откупувачи запишани во посебен регистар што ќе се води при Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Ова е главната новина во новиот Закон за земјоделство и рурален развој, што наскоро треба да помине низ собраниска процедура.
Како што информираше во вторник заменик министерот во МЗШВ Перица Ивановски регистрираните откупувачи на земјоделски производи ќе мора да исполнат одредени услови, како што се ликвидност, солвентност, соодветен објект и големина.
“Откупот ќе се врши на откупни места одредени од откупувачот за кој го известил МЗБШ во рок од најмалку 30 дена пред откупот.“, изјави Ивановски.
Тој додаде дека на секое откупно место задолжително ќе се истакнуваат цени за секоја категорија на квалитет најмалку 10 дена пред отпочнување на откупот.
Исплатата на откупените земјоделски производи ќе се врши во рок од 30 денови од денот на откупот, а можно е со договорот да се предвиди и авансно плаќање.
Откупот ќе се врши со писмен договор, со пропишана форма и содржина и тоа за најмалку 50 отсто од откупените количини ќе мора да биде склучен 45 дена пред почетокот на откупот.
Согласно новиот законот се дефинира и начинот на здружување на земјоделците по сектори, при што за релевантни социо-економски ќе се третираат, оние здруженија кои се формирани од 1.000 земјоделски стопанства или од 10 правни лица.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот