Инспекциите ќе имаат коoрдиниран надзор
Страна 1 of 1
Инспекциите ќе имаат коoрдиниран надзор
Координација во надзор на пазарот од страна на надлежните инспекции и контрола на производите кои се внесуваат на пазарот од трети земји, се предвидува со новиот закон за надзор на пазарот.
Според вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, на овој начин ќе бидат заштитени потрошувачите, но ќе им се олесни и на бизнисмените, бидејќи ќе имаат работа само со една, наместо со неколку инспекции.
Владата уверува дека со предложените измени целосно ќе се почитуваат начелата на кои се заснова пазарот, законитоста, конкурентноста, слободата на претприемништво, одговорност на производители, овластени застапници, увозници и друго.
Со новиот закон треба да се зголеми степенот на спречување на влез на производи во земјава за кои постои сомнеж дека се небезбедни и ќе се следат европските стандарди.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот