Гејмерите се подобри војници
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100202
Гејмерите се подобри војници
Според испитувањата кои ги спроведе американската армија, активните играчи на компјутерски игри се значително подобри војници од оние кои воопшто не играат.
Според проценките на службата на американската армија која е задолжена за евалуација на учинокот на војниците, гејмерите во просек постигнуваат од 10 до 20% подобри резултати на подрачјето за перцепциски и когнитивни способности од останатите војници. Освен тоа, во извештајот на американското министерство за одбрана се истакнува дека видео игрите го подобруваат краткотрајното памтење и им помагаат на луѓето подолго да останат фокусирани.
Американската армија е во постојана потрага по нови начини кои може да се искористат за тренинг на своите војници, а резултатите од ова испитување покажуваат дека токму игрите се еден од најдобрите начини за подобрување на способностите на војниците.
За војската посебно интересен е и заклучокот од испитувањето дека зголемените способности на играчите се задржуваат и по повеќе од две години по престанувањето на гејмерските активности. Ова е посебно погодно, затоа што американските војници најчесто се распоредени во воените зони со рокови пократки од една година.
Сеуште не е јасно утврдено какво точно влијание имаат игрите на човечкиот мозок, а со тоа и начинот преку кој се зголемуваат способностите за војување, но американската војска веќе размислува околу воведување специјални обуки на своите војници преку специјални симулатори за војување.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот