Скопје ќе добие осум катни гаражи
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100131
Скопје ќе добие осум катни гаражи
Центарот на Скопје до 2011 година ќе добие осум катни гаражи со околу 3.000 паркинг места, најави Владата, заедно со Град Скопје и општина „Центар“.
Четири од нив ќе гради Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, две ќе гради општина „Центар“ и две локации доби Град Скопје.
Земјиштето е во сопственост на државата, а Владата ќе им го додели на овие институции. Инвестицијата ќе чини од 25 до 30 милиони евра.
Една гаража која ќе ја гради Градот Скопје ќе биде лоцирана кај полициската станица „Беко“, а друга кај старата Железничка станица. Во овие катни гаражи предвидени се околу 1.800 паркинг места.
Од катните гаражи кои ќе ги гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор две ќе се градат од левата и десната страна на А.Д. Мепсо, една кај Музејот на холокаустот, а другата кај „Работнички универзитет“. Овие катни гаражи ќе ослободат околу 1.300 паркинг места во центарот на Скопје.
Општина „Центар“ ќе гради катни гаражи кај Судска палата и кај и кај поранешна „Нова Македонија“ со околу 800 паркинг места во двете гаражи.
Со ова се очекува да се реши проблемот на скопјани со паркинг местата.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот