Македонија воведува Закон за заштита од дискриминација
Страна 1 of 1

Заштитата по основ на сексуална ориентација не влезе Предлог Законот за заштита од дискриминација, што во неделата го презентираше министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами.
„Во предлог Законот кој што помина на владината седница има повеќе основи за заштита од дискриминација, можеби и повеќе одошто предвидува европската директива, меѓутоа основот за заштита од сексуална ориентација не е влезен од причини што тоа не е во согласност со Уставот и законот на Македонија“, рече Бајрами.
На забелешките дека во последните два извештаи на Европската комисија прецизно е наведено дека правата на сексуална ориентација треба да влезе во законот, министерот тврди дека овој закон неодамна бил елабориран пред Европската комисија и немало никакви забелешки.
Доколку Предлог законот помине во Собранието, со него ќе се врши заштита од дискриминација по верска, малцинска, полова и други основи.
Министерството за труд и социјално политика планира да формира Комисија за заштита од дискриминација, чии членови ќе ги избира Собранието на јавен оглас и ќе бидат со мандат од 5 години.
Од редот на членовите ќе се избира и претседател со мандат од една година.
Право да се обратат до оваа комисијата имаат и лицата кои ќе сметаат дека им е нарушена сексуалната определба и доколку се утврди дека тоа е точно ќе бидат покренати санкции, спрема лицата кои вршеле дискриминација и истите ќе се казната со парична казна од 400-1.000 евра.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот