Инвестирани 7,5 милиони денари во Гевгелија, Богданци и Дојран
:: Македонија и свет :: Бизнис
Страна 1 of 1

Со Програмата за рурален развој од европските претпристапни фондови, во минатата 2009 година на подрачјето на општина Гевгелија, Богданци и Дојран инвестирани се вкупно 7.426.748 денари.
Овие средства се директно наменети за реализација на аграрни проекти кои треба да придонесат за развој на руралните средини.
Од 20-тината апликанти во гевгелиско, Богданци и Дојран, предност добија проектите за набавка на земјоделска механизација, трактори и пропратна опрема, за подигање на оранжериски насади со цвеќе, набавка на репроматеријали за лозарството, обнова на пластениците со раноградинарски култури.
Одобрените средства се веќе исплатени на сметките од 12 индивидуални земјоделци и шест земјоделски стопанства кои ги исполнија условите за инвестирање во аграрот во рурални средини, според критериумите на Европската комисија и Директоратот за земјоделство, по чија програма работи и Министертвото за земјоделство, Шумарство и водостопанство.
- Целата аграрна инвестиција во овие три општини за 2009 година, според Програмата за рурален развој, всушност изнесува близу 15 милиони денари, бидејќи со неа се покрива само 50 отсто од инвестицискиот проект, а другата половина ја покрива самиот апликант на проектот, односно инвеститорот, изјави Тони Мушонов, раководител на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Гевгелија.
Според него, Македонија во 2009 година од претпристапните европски фондови за рурален развој имаше на располагање 24,3 милиони евра, а до 2011 заедно со националниот Буџет програмата за рурален развој ќе тежи 64,7 милиони евра.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
:: Македонија и свет :: Бизнис
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот