Отворено првото легално казино во Русија
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100131
Отворено првото легално казино во Русија
Првото, и засега, единственото легално казино во Русија е отворено во една од четирите специјално предвидени зони, во јужниот дел од земјата, во покраината Краснодарск.
Казиното „Оракл“ во Азов Сити, јужната коцкарска зона која се простира на повеќе од 20 милиони метри квадратни, вчера - првиот работен ден, го посетиле околу 300 луѓе.
Меѓу нив биле и заменик гувернерот на Краснодарската покраина Алексеј Агафонов и генералниот директор на компанијата „Ројал тајм“, која ја отвори оваа коцкарница, Рашид Таимасов.
Федералниот закон за забрана за работа на коцкарници стапи во сила на 1 јули минатата година.
- „Ројал тајм“ инвестираше во првото казино во Азов Сити, а планира во развојот на оваа дејност во следните три до четири години да вложи од четири до 4,5 милијарди рубљи, изјави Таимасов на свеченото отворање на „Оракл“.
Тој истакна дека првата коцкарница ќе биде централен објект во рамките на комплексот кој ќе содржи и аква парк и други места за забава, како и комфорни сместувачки капацитети.
Изградбата на коцкарници во останатите три зони, на кои од лани оваа дејност е ограничена - во Приморската област на брегот на Тихиот Океан, во Алтајската покраина во Сибир и во Калининград на Балтичко Море - уште не е започната.
По распадот на СССР во 1991 година, работата на коцкарниците рапидно се зголеми, а нивниот годишен обрт е проценет на дури 3,6 милијарди долари.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот