Законот за пушење актуелен и на „Фејсбук“
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100131
Законот за пушење актуелен и на „Фејсбук“
Законот за забрана на пушење на јавни места, што во Македонија стапи на сила од почетокот на годината, стана актуелен и на познатата социјална мрежа на интернет „Фејсбук“.
Поделбата на поддржувачи и противници на овој закон силно е изразена и на „Фејсбук“.
Противниците на Законот формираат разни групи, со кој што се бара укинување на законот, додека поддржувачите формираат групи, преку кој што го изразуваат задоволството од новиот закон.
Меѓу попознатите групи, формирана од пушачите, е „Петиција против Законот за пушење на Цигари“, во која досега се зачлениле 17.280 корисници на „Фејсбук“.
Авторите на групата сметаат дека Законот е усвоен под директиви на Европската унија, поради што ги молат членовите да се воздржат од политички коментари.
„Ве молиме да нема партиски препукувања, зашто и друг да е на власт баш исто ќе е. Наредбите се од ЕУ, а не од самите политичари“, навел администраторот.
Наспроти оваа група, на „Фејсбук“ е формирана и групата „Конечно се забрани пушењето на јавни места!“, која брои 12.429 членови.
„Конечно не го дишеме неподносливиот чад од цигарите по кафулиња, дискотеки, ресторани, кафеани и други јавни места“, се наведува во описот на групата.
Дебатите околу законот за пушење во јавноста се се' позачестени, а повеќе групи на граѓани побараа и одредена либерализација на законот.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот