Проектот македонски јазик е мост на интегрирање
Страна 1 of 1

Воведувањето на македонскиот јазик од прво одделени во наставата на албански претставува можност за интегрирање, а проектот е внесен во наставната содржина по укажувањата од меѓународната заедница.
Ова во саботата го изјави премиерот Никола Груевски во село Жеровјане, каде што присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новоизградената спортска.
„За албанскиот јазик сме направиле многу. Во ниту една ситуација не сме сакале да го ослабнеме користењето на еден или друг јазик. Можеби не извршивме до крај подготовка, но бараме начин како да им се укаже на граѓаните за нашата добра намера, како што имавме добра намера кога го воведовме албанскиот како изборен во сите училишта во Македонија", изјави Груевски.
Во однос на објавените податоци за зголеменото индустриско производство, Груески вели дека иако кризата не е помината, сепак овој пораст од 20 проценти на индустриското производство во Македонија е само потврда дека се реални предвидувањата за 2010 како година на закрепнување на светската економија.
Околу најавата за намалување на границата за увоз на стари возила, премиерот уверува дека се работи за корисна мерка.
„Намалувањето на границата за увоз на половни возила според анализите до сега, се чини дека е повеќе корисна мерка, отколку мерка со негативни ефекти"- рече премиерот Груевски, потсетувајќи дека има голем број возила донесени од странство кои не може да се регистрираат кај нас и дека една третина од возилата во Македонија немаат никакви стандарди, заради што и сакаат истите да се заменат со Еуро 1 и Еуро 2.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот