Земјите од Западен Балкан постигнаа забележителен напредок
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100130
Земјите од Западен Балкан постигнаа забележителен напредок
Земјите од Западен Балкан постигнаа забележителен напредок и сега се движат побрзо во процесот на евроинтеграции, оцени шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт.
Тој, во интервју за белградскиот весник „Вечерње новости“, нагласува дека иако има некои отворени прашања во регионот на Западен Балкан, сепак сега состојбата е многу подобра отколку пред шест месеци кога Шведска го презеде претседавањето со ЕУ.
Според Билт, практиката во ЕУ воспоставена последниве години, националните парламенти да играат поголема одлука при донесувањето на решенија во рамките не Унијата е добар процес, но сепак го забавува целиот процес на одлучување.
„Така ќе биде и во случајот на Србија, како што беше и во случаите на Албанија и Црна Гора“, потенцира Билт, нагласувајќи дека Белград кон крајот на 2009 година „за само неколку дена направил крупни чекори во процесот на својата европска интеграција“.
Тој им порача на лидерите во Босна и Херцеговина да ги донесат одлуки кои се однесуваат на промена на уставот и да ја подготват земјата за апликација за членство во ЕУ.
„Гледам ризик во услови кога Хрватска и Србија напредуваат, а Босна заостанува зад нив. Но, тоа можат да го поправат само босанските лидери“, потенцира Билт.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот