ГАК доби опрема за третман на предвреме родените бебиња
Страна 1 of 1

Опрема за одделот на интензивна нега на Гинеколошко – акушерската клиника (ГАК) што опфаќа 25 протокометри кои ја регулираат концентрацијата на кислород кај недоносените деца ставен е во сабота во функција.
Со ова треба да се затвори горливиот проблем на појава на ретинопатија кај прерано родените деца.
Лекарите објаснуваат дека кај сите предвреме родени деца постои проблем со ретинопатијата. Уверуваат дека кислородот е само една од причините за појавата на ретинопатија, но не е директен проблем.
„Не можете да ја искорените таа болест кај незрелите дечиња. Значи има поврзаност со неадекватното третирање на кислородната терапија, но тоа е само еден од провоцирачките фактори. Малата родилна маса и големата незрелост се едни од причините, а други причини за ретинопатијата се неконтролираното дозирање на кислородната терапија, чести трансфузии со крв, инфекции наследени уште во матката“ изјави Елизабета Петковска, раководител на Одделот за интензивна нега.
„Министерството за здравство преку своите проекти и реформи веќе го заокружува процесот за модернизација на секторот гинекологија “ изјави министерот за здравство Бујар Османи.
Ова е донација на ВИП оператор за комплетна опрема и третман на предвреме родените бебиња.
“Овие мали, но најважни пациенти ја заслужуваат сета посветеност, бидејќи тие се наша иднина“ изјави Никола Љушев, Главен извршен директор а ВИП оператор.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот