Продолжува домашниот кошаркарски шампионат
:: Спорт :: Останати спортови
Страна 1 of 1

Домашниот кошарски шампионат продолжува
Почнуваат да се поместуваат нештата кај нас и кога станува збор за клупската спортска сцена.
По едномесечна пауза која всушност беше многу пократка, бидејќи ги содржеше и осминафиналето и четвртфиналето на купот на Македонија, викендов што претстои го носи продолжението на домашниот кошаркарски шампионат.
Стартува суперлигашката фаза, во која шесте најдобри тима од основниот дел на сезоната ќе одиграат десет кола, секој со секого по двапати, по што ќе бидат формирани двојките за плеј-офот.
Со оглед на егзодусот што ги зафати најтрофејниот Работнички и особено Пелистер, екипите кои останаа без конкурентни состави за натамошниот дел од првенството, а битолчани дојдоа речиси и пред распад, практично уште отсега може да се предвидат екипите кои напролет ќе се борат за пехарот.
Многу веројатно е тоа да биде квартетот екипи кои ќе се борат и за трофејот во националниот куп - Вардар Осигурување, Фени Индустри, Торус и Овче Поле.
Но, формално или не, десетте кола што претстојат ќе треба да се одработат. Првото е веќе на програмата утре. Најуспешниот тим досега со само еден пораз, лидерот Вардар Осигурување, му гостува на амбицираниот Овче Поле во најпривлечниот меч што ќе го гледате директно на А2 од 18.30.
Двојна програма ќе има во скопски Градски парк - Торус ќе го вгости вицепрвакот Фени Индустри, а Работнички ќе се судри токму со екипата со која споделува слична судбина, Пелистер.
Тргнуваат и пресметките на триото во плеј-аутот. МЗТ Скопје ќе му биде домаќин на Вардар 2000, а слободен на стартот е Плејмејкер Кубус, кој зимава најмногу се засили во обидот да го избегне последното место што ќе води во понизок ранг.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
:: Спорт :: Останати спортови
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот