Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Полициска бруталност или операција против криминалци

Go down

Полициска бруталност или операција против криминалци Empty Полициска бруталност или операција против криминалци

Пишување by GBL Пет Јан 29 2010, 22:24

Стара мазда без регистерски таблички на патот кон скопско Драчево синоќа, била доволен сомнеж за патрола на алфите да го сопре возилото. Двајцата сомнителни за мобилната единица, тврдат дека не знаеле оти во БМВ-то кое тргнало по нив, имало полиција.

Полициска бруталност или операција против криминалци Ljupco-blazeski

Полициска бруталност или операција против криминалци Policija-modrici

Нашиот соговорник, помислил дека го следат некои за да му се одмаздат. Од возилото кое ги бркало немало ниту ротација ниту пак некој сигнализирал од полицајците со палка, велат. Се бркале околу 6 километри. Алфите на старата мазда и го попречиле патот на оваа раскрсница.

„Во моментот излезе со автоматска пушка калашников, од прозор се појави еден од господата шерифи и го впери автоматот према мене и јас упорно не застанував, меѓутоа кога испука три, четири куршуми во воздух и на повлекување да се собере во возилото му ја видов значката. И видов дека се полиција, дека се алфи, секундарно овде застанав и излегов од возило“, изјави Љупчо Блажески.

Кога Блажески и неговиот пријател виделе дека се полицајци застанале, алфите ги извадиле од возилото и почнале да ги учат на ред, раскажуваат.

„Не вади од кола без да се легитимира, со автомат, со пиштол, не му пишува на чело дека е полицаец, од кај да знам што е. По правило треба да покаже легитимација, излези од кола, а не да ми корне врата. Ми отвора врата, за гуша и од земја“, вели Дејанчо Цветковски.

Со неколку модрици, и раскрвавени глави Блажески и Цветковски завршиле во полициската станица во Драчево, дошла и внатрешна контрола. На тестот било утврдено дека не возеле ниту пијани, ниту пак под дејство на дрога, и по претресот во маздата не пронашле ништо.

Возилото кое што го возите е без регистарски таблички и тоа е сообраќаен прекршок? „Знам, свесен сум дека правам сообраќаен прекршок и казните ќе си ги сносам на свој грб“

Не ви го запленија возилото?

„Не ни го запленија, ни го дадоа да си го носиме дома“

Според полицијата внатрешна контрола го истражува овој случај, во својот извештај патролата на алфите напишала дека се посомневала оти возилото е украдено и дека во него се превезува оружје, стоело и дека им сигнализирала да застанат но откако не ги послушале почнале да ги бркаат. Доколку се утврди пречекорување на овластувањата полицијата најави казни за патролата на мобилната единица.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Полициска бруталност или операција против криминалци Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот