Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Секс-предатор или потенцијално момче?

Go down

Секс-предатор или потенцијално момче? Empty Секс-предатор или потенцијално момче?

Пишување by GBL Пет Јан 29 2010, 22:05

Вечната женска дилема “сака врска или само сака да ме легне“ може да се одговoри уште на првиот состанок, доколку жените ги следат сигналите кои ги откриваат машките намери.

Секс-предатор или потенцијално момче? Firstdate455

Од целата возбуда и “летањето на пеперутки во стомакот“, повеќето жени првиот состанок го поминуваат како во магла и не ги согледуваат знаците кои потенцијалниот партнер им ги испраќа и кои кажуваат многу за неговите намери. Сепак, со малку трезвеност и добро отворени очи, ќе можете да ги препознаете знаците на време и ќе знаете соодветно да реагирате.

Како ви оди разговорот?

Ако почуствувате дека ви е пријатно да разговарате со него и дека темите се надоврзуваат една на друга, тогаш многу веројатно сте се “нашле“. Но, доколку за време на разговорот тој гледа наоколу и имате впечаток дека не ве слуша баш внимателно, тогаш најверојатно е дека не го интересира разговорот со вас, туку само сака да ве одвлече во кревет.

Секс-предатор или потенцијално момче? Firstdate240-2

Ве допира ли?

аучно е докажано дека кога некој ни се допаѓа, тогаш таа личност често ја допираме и обично тоа го правиме несвесно. Ако во текот на разговорот ве фати за рака додека нешто ви објаснува или ве допре за рамо за да ги потенцира своите зборови, многу веројатно е дека е длабоко внесен во се' што е поврзано со вас.

Сепак, бидете на штрек ако неговата рака се упати накај вашите нозe или ако ви ја трга косата од лицето. Во тој случај најверојатно само сака да ве соблече.

Како се однесува кон другите?

Затоа што е ова ваш прв состанок, за очекување е кон вас да биде внимателен и грижлив. Меѓутоа, може многу да дознаете за него ако набљудувате како се однесува со другите луѓе кои ќе ги сретне во текот на вечерта.

Доколку е благо нервозен и раздразлив, многу веројатно дека таков е и во стварноста, а вие би можеле многу бргу да го запознаете неговото вистинско лице.

Зборува ли многу за себе?

Секс-предатор или потенцијално момче? Firstdate240-3

Ако целиот состанок се претвори во негов монолог, нештата не се баш најдобри. Пазете се од мажи кои имаат потреба постојано да зборуваат за себе, а притоа не покажуваат ни најмал интерес за она што вие имате да го кажете. Тоа се егоцентирчни личности со кои е многу тешко да се оствари врска затоа што ги гледаат само своите потреби.

Ви ласка ли премногу?

Убаво е кога мажот дава комплименти, но се' си има своја мерка. Ако веќе на првиот состанок се расфрла со комплименти кои преоѓаат во ласкање, најверојатно сака со зборови да си го подготви патот до вашиот кревет. Тоа им е најбрзиот и најлесен начин. Ако не ве интересира само секс, комплиментите примајте ги со голема доза на резерва.

Дали е таинствен?

Некои мажи пуштаат само жените да зборуваат, па тие, за да не настане непријатна тишина, кажуваат и повеќе од што е потребно. Бидете одмерени и оставете и тој да зборува.

Ако и покрај тоа тој не говори многу за себе, најверојатно нешто крие или не сака да ви даде прилика за подобро да се запознаете. Било да е во прашање едното или другото, нештата не се развиваат како што треба.

Секс-предатор или потенцијално момче? Firstdate240-1

Каков е на разделбата?

Мажот на кој му било пријатно на состанокот со вас и кој би сакал повторно да ве види, нема да инсистира на секс или на интензивни допири. Нему ќе му биде доволен и еден мал бакнеж за добра ноќ.

Ако пак станува збор за маж кој го интересира само секс, тој ќе во го стави тоа до знаење со своите постапки многу јасно. Веројатно ќе се обиде да ве однесе во својот стан или сам ќе си се покани кај вас дома. Одлуката е ваша. Имајте во предвид дека ако ве интересира врска, таквиот маж треба веднаш да го исфрлите од игра.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Секс-предатор или потенцијално момче? Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот