Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Со патики, или со голи стапала?

Go down

Со патики, или со голи стапала? Empty Со патики, или со голи стапала?

Пишување by GBL Чет Јан 28 2010, 21:18

Оние кои се занимаваат со трчање залудно купуваат квалитетни патики, сметајќи дека на тој начин подобро ќе ги заштитат нивните стапала. Барем така тврдат научниците, кои сметаат дека трчањето со боси нозе носи помал ризик од повреди.

Со патики, или со голи стапала? Trcanje

Според научниците, најдобрите патики се вашите стапала. Даниел Либерман од Харвард тврди дека спортистите кои трчаат боси се изложени на помал ризик од повреди, бидејќи ги држат стапалата во сосема поинаква положба.

За разлика од трчањето во патики кога стапалото го допира тлото најпрво со петиците, при трчање со боси нозе тлото најпрво го допира предниот дел од стапалото, односно завршетоците на прстите. Исто така, при трчање со голи стапала многу понежен е ударот на тлото, отколку при трчањето во патики кога ударот на тлото со петиците е силен и опасен.

Либерман и неговите колеги од Харвард ги проучувале спринтерите од Кенија кои цел живот трчаат боси, како и оние кои најпрво трчале со патики, а потоа ги замениле со боси нозе. Босоногите трчачи имале поеластичен чекор и на поефикасен начин ги користеле своите мускули.

Сепак, научниците предупредуваат дека луѓето кои се навикнати на трчање во патики не треба веднаш да прејдат на трчање со боси нозе.

"Луѓето трчаат милиони години, а модерните патики за трчање се измислени во 70-те години. Но, доколку цел живот сте трчале така што прво со петицата го допирате тлото, морате пополека да работите на својата сила на листовите и мускулите на стапалото", вели Либерман.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Со патики, или со голи стапала? Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот