Со кафенце против тумор
Со кафенце против тумор
Првото кафе ве расонува, останатите го “подмачкуваат“ муабетот и цигарчето (ах, омилениот грев), а пет шољи кафе ве штитат од тумор на мозок. Така барем вели новата студија на лондонскиот Империал Колеџ.
Во текот на истражувањето објавено на CancerEpidemiology.net, научниците набљудувале повеќе од 300 мажи и жени со дијагностициран глиом - тип на рак кој обично најпрво се појавува во мозокот.
Кога ја споредиле навиката за конзумирање кофеин со оние кои немаат тумор на мозокот, заклучиле дека оние кои пијат 5 или повеќе филџани кафе или чај дневно, имаат 40 проценти помали шанси да добијат тумор. Кафето и чајот без кофеин го немале ова позитивно дејство.
Можното објаснување за резултатите од студијата научниците го гледаат во фактот дека кофеинот го намалува дотокот на крв во мозокот, со што се “изгладнуваат“ малигните клетки, односно остануваат без висока концентрација на кислород и хранливи материи.
Мала “мистерија“ во истражувањето е податокот дека од ова заштитно дејтсво на кофеинот најмногу “профитираат“ мажите, но сеуште не се знае зошто и како.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот