Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Kaко да знаете дали ве изневерува?

Go down

20100127

Пишување 

Kaко да знаете дали ве изневерува? Empty Kaко да знаете дали ве изневерува?




Неговото однесување ви е сомнително? Мислите дека ве изневерува? Прочитајте кои се знаците што може да го издадат.

Kaко да знаете дали ве изневерува? Afera-455


ногу бракови и врски завршуваат поради неверство на еден од партнерите. Тоа може да трае со години, без да забележите или без да сакате да забележите.

Доколку се сомневате дека партнерот ве изневерува, обратете внимание на неговото однесување. Стручњаците истакнуваат дека личноста која изневерува често го менува и своето однесување, па затоа обратете внимание на истото. Но, притоа немојте да бидете параноични и да донесувате избрзани заклучоци.

Се однесува ли поинаку од претходно?

Промените во однесувањето кај личноста што изневерува се случуваат во едно или повеќе животни подрачја, па затоа внимавајте на следново:

Kaко да знаете дали ве изневерува? Afera-v-2

Промени во емотивното однесување: Вашиот партнер се лути без причина? Од неодамна ви купува скапи подароци - нешто што претходно не го правел? Ви кажува дека ве сака, иако тоа го нема кажано последните десет години? Од неодамна е емотивно оддалечен?

Промени во сексуалноста: Сексот без особена причина станал жежок и интензивен? Повеќе не водите љубов, а некогаш имавте секс секој ден како адолесценти? Ви предложил сексуална игра што не се вклопува во вашиот досегашен, заеднички сексуален живот?

Промени во изгледот: Од неодамна почнал да се грижи за својот изглед? Започнал да оди на фитнес и си ја офарбал косата? Купил неколку нови парчиња облека, иако тоа не го направил со години?

Промени во начинот на живот: Претходно не можел да дочека да ги заврши работните обврски и да дојде дома, а сега останува до доцна на работа? Не може да ги оправда своите “фантомски“ излети? Станал алтруистичен и постојано им “помага“ на пријателите?

Ве изневерил - што сега?

Дојде денот кога откривте, ви призна, прочитавте смс порака која не беше наменета за вашите очи - дознавте дека ве изневерува и што сега?

Најпрво ќе ве обземе чувство на бес, лутина, тага и ќе се прашувате како можел такво нешто да ви направи? Во тие моменти можеби е и најдобро да замине кај пријател, односно на некое време да се исели од станот за да се смирите и добро размислите за целата ситуација.

Kaко да знаете дали ве изневерува? Afera-v

Постојат две можности: да останете или да заминете. Доколку сте одберете да останете, тогаш пред вас е долг пат. Ќе ви биде тешко да преминете преку предавството и да се ослободите од негативните чувства кои ги предизвикува во вас. Ви советуваме посета на терапевт, за да ви помогне да ги совладате тие чувства и да ви понуди решение кое би можело да функционира.

Вам ви е погазена гордоста, се чувствувате изневерено, не можете да му верувате. Но, морате да имате во предвид дека и на вашиот партнер не му е лесно, особено ако тоа е изолиран “инцидент“ и единствен пат да му се случи такво нешто.

Доколку ве изневерил повеќе пати, време е да го оставите. Ако пак многу го сакате, мислите дека можете повторно да му верувате и дека тој е искрен во своите намери, тогаш обидете се да си дадете уште една шанса.
avatar
GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Kaко да знаете дали ве изневерува? Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот