Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

"Пандев не е само голем талент, тој е многу повеќе од тоа"

Go down

20100127

Пишување 

"Пандев не е само голем талент, тој е многу повеќе од тоа" Empty "Пандев не е само голем талент, тој е многу повеќе од тоа"




"Пандев не е само голем талент, тој е многу повеќе од тоа" Img90849272

Горан Пандев, по кој знае кој пат, ја разбранува домашната спортска јавност. Не пробуди од колективната депресија и тотално руинираните критериуми на вредноста, предизвикани од актуелната економска и социјална состојба во државата.

Со својата претстава во дербито на Милано по кој знае кој пат докажа дека спортистите, заедно со културните и естрадните уметници, се најголемите амбасадори на државата.

Пандев во победата на Интер од 2:0 над Милан, најпрвин асистираше за погодокот на Милито, а потоа со евро гол од слободен удар ја потврди победата на Интер. Го крена Милано на нозе, ги собра аплаузите од трибините, а предизвика и еуфорија од воодушевување во својата земја.

Пандев-манијата е присутна како во државава, така и ширум Европа.

"Не направи да се чувствуваме горди што сме Македонци." - често деновиве може да се слушне во неврзани разговори, и тоа не само меѓу домашните вљубеници во фудбалската игра, туку и оние кои го изгледале миланското дерби само поради феноменот Пандев.

Веднаш по мечот, тренерот на Интер, Жозе Мурињо му оддаде почест на македонскиот репрезентативец изјавувајќи:"Ние сме среќни што го имаме Пандев", за денеска, на прославата на својот 47-ми роденден да додаде: "Ова е Интер во кој уживам. Обожувам што имам вакви напаѓач, кои можат да ја задржат топката, кои играат со глава, а не се само сирови голгетери".

Пофални зборови на сметка на Пандев, меѓу другите, стигнаа и од тренерот на Палермо Делио Роси, кој со Македонецот соработуваше во Лацио.

„Пандев е одличен играч и тоа го докажува и во Интер. Според мене ќе формираат страшно трио со Самуел Ето и Диего Милито. Ќе им биде многу тешко на противничките дефанзивци да им се спротистават. Порано си мислев, дека е голем талент, но тој докажа дека е нешто многу повеќе од тоа.” - изјави Роси.

Пандев, кој во четвртиот меч го постигна и својот втор гол во дресот на Интер, моментно живее во хотел во Милано, а се очекува деновиве клубот да му најде стан, во кој ќе се всели со неговата бремена сопруга.

Сепак, слободните проценки велат дека еуфоријата е најголема во неговата родна Струмица.

Студент на студиската програма Финансиски менаџмент на Универзитетот "Гоце Делчев" - Штип и тоа од дисперзирана паралелка во Струмица, низ насмевка ни изјави дека Пандев ги разнежнил и срцата на професорите на образовната институција, кои од задоволство 'ден по натпреварот без мера пишувале десетки'
avatar
vlado_sk
Студент
Студент

Male
Cancer

Треснал Глупости : 48
Поени : 169
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 36
Се наоѓам : skopje
Ден на регистрирање : 2010-01-25

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот