Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ГОЛЕМИОТ КИНЕСКИ ЅИД

Go down

ГОЛЕМИОТ КИНЕСКИ ЅИД Empty ГОЛЕМИОТ КИНЕСКИ ЅИД

Пишување by vlado_sk Сре Јан 27 2010, 14:02

ГОЛЕМИОТ КИНЕСКИ ЅИД Kineski_zidКога се гледа од височина големиот Кинески ѕид, изгледа како легнат змеј што се протега низ планини, долини и исчезнува преку хоризонтот. Тој личи на камена змија која бесконечно се извива. Бесмртен митолошки влекач како легендарниот змеј што во Кина остана симбол на кралската моќ на династиите Кин, Хан и Минг.

Планините, реките, езерата и градовите во Кина имаат едноставни и поетски имиња. Со еднаква фантазија Кинезите ги означуваат одделните периоди од нивната историја: периодот меѓу 700 и 476 година п.н.е. го нарекуваат доба на пролет и есен.

Кинескиот ѕид е еден од светските чуда. Тој е широк 6-7 метри, а висок 4-5 метри.

Се раскажува дека царот Куин Ши Хуанг ди - Ши Хуанг ди значи прв цар, им се заканувал на надзорниците на градилиштето дека ќе им ги одсече главите, ако камењата не се вклопат совршено во ѕидот. Тој е единственото дело на човековите раце во историјата на целата светска цивилизација која може да се види од вселената. Гледан од таму тој е на лик на искривен рбет или бразда втиснат во лицето на планетата Земја

ГОЛЕМИОТ КИНЕСКИ ЅИД Kineski_zid2

Иако царот Куин Ши Хуанг ди бил немилосрден и суров човек , успеал да ја обедини Кина, за прв пат во нејзината историја. Во 221 година п.н.е. тој се прогласил за прв цар на една династија која, според негова замисла, ќе трае (10 000) десет илјади години и затоа го изградил Кинескиот ѕид: да го заштити младото небесно царство од нападите на номадските племиња од север.


Против Монголите, царевите кои биле победени од Куин, веќе имале изградено ѕидини и тврдини, но ништо не можело да се спореди со Кинескиот ѕид направен од камења и тули.

Куин им наредувал на своите поданици, од десет мажи, тројца треба да работеле на изградба на Кинескиот ѕид. Триста илјади Кинези-селани, воени заробеници и робови, работеле напорно за време од 5 години. Куин се здобил со гнев кај народот, но во 209 година п.н.е., ѕидот бил завршен.

Сепак она што денес го гледаме, не го претставува Ѕидот со својот првобитен изглед. Царевите, наследници на Куин, малку по малку го обновувале Ѕидот, а некои места ги удвојувале. Како минуваат вековите, големиот кинески змеј од камен ги удвојувал своите витки. Околината на Ѕидот е покриена со ретки грмушки и дрвја, гребени и длабнатини. Се чини невозможно непријателот да се сокрие.

ГОЛЕМИОТ КИНЕСКИ ЅИД Kineski_zid3
Всушност, Кинескиот ѕид ја претставува северната граница на Кина во должина од 6000 км од Гансу до пустината Гоби, а јужно тој се протега до морето.

Ѕидот е толку широк што по него можат да минуваат 5 коњи наредени еден до друг и товарни коли полни со производи.

Кога варварските орди се приближувале до Кинeскиот ѕид, стражарите испраќале димни сигнали во знак на предупредување. За неколку часа веста стигнувала до царот и тој ја организирал одбраната.

ГОЛЕМИОТ КИНЕСКИ ЅИД Kineski_zid4

vlado_sk
Студент
Студент

Male
Cancer

Треснал Глупости : 48
Поени : 169
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 36
Се наоѓам : skopje
Ден на регистрирање : 2010-01-25

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот