МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ ТУРСКО
:: Македонија и свет :: Историја
Страна 1 of 1
МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ ТУРСКО
Цели петстотини години (1395-1912) Македонија, во своите историско-етнички граници, ја делела судбината на просторното и моќно Османско Царство, како едно од неговите централни балкански подрачја
По поразот на здружените балкански сили кај р. Марица (1371), меѓу кои биле и македонските феудалци Волкашин и Углеша, Османлиите продреле и до 1395 год. ја освоиле Македонија. Наследникот на Волкашин, кралот Марко (1371-1395), и браќата Дејанови станале вазали. Кралот Марко ги штител жителите од турските насилства, па затоа во народните песни бил опеан како голем јунак.
Турската држава во Македонија целосно го наметнала својот воено-политички, државно-административен и даночен систем и започнала со исламизација на македонското христијанско население. Овој процес е забележителен во XVII и XVII век, особено во Западна и Источна Македонија. Меѓутоа, исламизираното македонско население со векови го сочувало својот мајчин македонски јазик (денешни Македонци-муслимани).
Во турскиот период Охридската архиепископија ја сочувала својата самостојност и прераснала во главен носител на македонската самобитност. Охридските архиепископи се обидувале со помош на Запад и Русија да покренат движење за ослободување на Македонија и на другите балкански земји од турското ропство. Пониското свештенство, од македонско потекло, било одржувач на културните традиции, го негувало народниот јазик и ги бодрело националните чувства.
Во периодот XI-XVIII век Османската Империја трпела воени порази, поради што ја засилила економската експлоатација врз македонското население. Тимарско-спахискиот систем почнал да се распаѓа и да се заменува со чифлигарски.
Засилените самоволија и анархијата на одметнатите феудалци, големите даноци и корумпираноста на локалните власти предизвикувале незадоволство и револт кај македонското население, што се манифестирало преку разни облици на отпор - ајдутство, буни и востанија. Најпознати буни и востанија од овој период се Прилепско-мариовската буна (1564-1565) и Карпошовото востание (1689/90) кое било крваво угушено од турските власти.
Со укинувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија и нејзиното потпаѓање под Цариградската патријаршија (1767) се влошиле општествените прилики во Македонија. Меѓусебните борби меѓу феудалците предизвикале раселување на македонските селани во градовите. Во почетокот на XIX век се развиваат занаетчиството и трговијата и македонската граѓанска класа. Освен Солун и Битола (главни административни и економски центри), се развиваат и градовите Серез, Костур, Прилеп, Скопје, Велес и др. На редовните панаѓури луѓето остварувале контакти со кои се разбивала дотогашната автархичност. Се создале услови за поголема интеграција на македонскиот народ и за развиток на македонската национална свест, а во втората половина на XIX век е поведена борба за национално ослободување и за создавање македонска држава.
И покрај петвековното турско владеење, македонскиот народ ја сочувал и негувал својата национална самобитност, народниот јазик, православната религија, фолклорот, традициите и културата, а во втората половина на XIX век повел борба за национално ослободување и за создавање македонска држава.

vlado_sk- Студент
-
Треснал Глупости : 48
Поени : 169
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 36
Се наоѓам : skopje
Ден на регистрирање : 2010-01-25
:: Македонија и свет :: Историја
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот