АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ
:: Македонија и свет :: Историја
Страна 1 of 1
АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ
Александар, од таткова страна, бил потомок на Херакле. Татко му Филип, се вљубил во мајка му Олимпијада уште како младо момче.
Ноќта спроти свадбата, на свршеничката на сон и се сторило дека загрмело и оти во утробата и удрил гром, а по ударот пламнал силен оган, кој се стрештил, разнесувајки пламени на сите страни. Извесно време по свадбата и Филип се видел на сон себеси како втиснува печат во утробата на жена си, со лик на лав. Според некои верувања се претпоставувало дека Олимпијада носи чедо со голема смелост и лавовски карактер.
Александар се родил во почетокот на месец хекатом беон, што Македонците го викале лоос, и тоа шестиот ден. Веста за раѓањето на својот син Филип ја добил веднаш по освојувањето на Потидеја. Истовремено добил и две други вести: првата дека Паремнион ги победил Илирите во голема битка; и втората дека на трката во Олимпија победил неговио коњ. На сето ова Филип многу се израдувал особено затоа што гаталците му велеле дека детето, кога веќе се родило со тие три победи, никој не ќе може да го победи.
Уште како дете неговата трезвеност се манифестирала со тоа што, покрај својата наглсот и незауздана страст за други работи, кон телесните уживања знаел да биде отпорен и да им се предава со голема умереност. Неговата чесност, и покрај младоста, го терала да биде достоинствен и великодушен. Ја сакал славата но секоја и од сè и сешто како Филип. Кога ќе стигнела некоја вест дека Филип или освоил некој град или победил во некоја заначајна битка тој им велел на своите врсници: Другари, татко ми сè ќе ми земе однапред, а за мене нема да остане ниту едно големо и значајно дело да го извршам со вас“!
Очигледно тој не се стремел кон уживање и богатство, туку кон јунаштво и слава, па затоа мислел дека колку повеќе ќе наследи од татко си толку помалку ќе постигне со својата моќ. Што се однесува до неговото образование, се разбира, имал многу таканаречени воспитувачи, наставници и учители, на чие чело бил Леонид, човек со строг карактер и роднина на Олимпијада. Филип забележал дека неговиот син има непопустлив карактер, дека се противставува на секоја насилна постапка, меѓутоа со кажување на објективните причини лесно може да се води по вистинскиот пат. Затоа се обидувал да влијае врз својот син повеќе со совети отколку со наредби. Следствено на тоа ниту на учителите по музика, ниту тие по редовна настава не им го доверувал целосно неговото воспитание и образование, бидејќи тоа било поврзано со големи мачнотии, зашто според зборовите на Софокле: „За тоа се потребни многу узди и кормила“.
Филип го викнал Аристотел, кој покрај етиката и политиката го воведувал и во многу други науки. Тој најмногу од сите други на Александар му ја всадил љубовта за медицината. Александар не ја засакал само теоријата на лекарството туку и на своите болни пријатели им помагал и им определувал некакви лекови и им давал упатства за начинот на живеење.
Ширејќи ги границите на своето царство Александар тргнал да ја освои и Азија. По победата над Дариј кај Киликлија тој ги заробил жената и двете ќерки на Дариј. Спрема нив Александар со однесувал со голема почит. Тие не се чувствуале дека се наоѓаат во ропство. Тие ништо срамно ниту слушнале, ниту насетиле, ниту пак доживеале. А кога царицата умрела при породувањето наредил да се закопа според персиските почести, притоа не штедејќи пари.
А кога еднаш, Хагнон му напишал дека има намера да го купи и нему му го доведе Кробил, момче по чија убавина тогаш лудувале Коринтјаните силно го укорил. Исто така во друга прилика, кога чул дека двајца Македонци ги силувале жените на некои наемници, наредил ако се докаже нивната вина да бидат казнети како диви ѕверки кои на луѓето им нанесуваат само штета.
Александар бил мошне умерен и во јадењето, зашто од својот воспитувач Леонид научил за појадок да има ноќно патување, а за ручек мал појадок. Бил сосем умерен во изборот на јадења, така што мошне ретките овошја и ретките риби што често му ги носеле од приморјето им ги раздавал на своите пријатели така што се случувало за него лично и ништо да не остане. Но со неговите успеси растел и трошокот околу софрата па било одредено секој кој ќе го поканел Александар на гозба да потроши најмногу десет илјади драхми.
И на виното Александар не му обрнувал толку внимание како штообично се мислело. Таквото мислење настанало затоа што тој долго седел, нетолку заради пиење колку заради разговор, зашто со секоја чашка започнувал долгразговор. И тоа само кога имал слободно време. Кога имал работа, ниту виното,ниту шегите, ниту свадба не можеле да го задржат. Ова сведочи дека својот животколку и да бил краток го исполнил со многу големи дела.
Се раскажува дека во Египет ги слушал предавањата на философот Псамон и од неговите тврдења го прифатил онадека со сите луѓе владее бог, зашто она што управува и владее во секојпоединечен човек има божествено потекло. Но, тој отишол уште подлабоко во сопственитефилософски сфаќања и тврдел: „Бог е заеднички татко на сите луѓе, но најдобритеод нив ги избира за свои сопствени деца".
Општо земено, спрема варварите, Александар добро се однесувал и прилегал на човек кој носи длабоко уверување восвоето божествено потекло, но пред Елините својата божественост ретко јаискажувал и во многу мала мера.
По природа Александар бил дарежлив. И како што растела неговата моќ и големина, така тој сè повеќе ја покажувал својата дарежливост. Таа во него била споена со љубезност, која единствено на добродетелствата им ја дава вистинската вредност. Еднаш, некој прост Македонец терал маска натоварена со кралско злато. Кога животното се уморило, Македонецот го кренал товарот на својот грб и почнал сам да го носи. Кралот го забележал задишан под товарот и го прашал што носи. А кога селанецот му одговорил и сакал да го симне од грб товарот, кралот му рекол: „Не потклекнувај, помини го уште патот што ти останал и носи си го тоа во твојот шатор".
Воопшто тој повеќе им се лутел на тие што ги одбивале неговите подароци отколку на тие што го молеле.
На Серапион не му давал ништо затоа што тој ништо и не му барал. Еднаш кога играле топка Серапион секогаш топката ја подавал на други, а кога Александар го прашал зошто нему не му ја подава топката Сарапион му одговорил: „Затоа што не ја бараш". На тоа Александар се насмеал и богато го наградил.
Александар бил против раскошниот и безделничен живот со многу слуги. Тој велел: „Како може човек сам да го истимари својот коњ или да си ги исчисти копјето и шлемот кога се одвикнал сам со свои раце да си го негува своето тело, кое, сепак, секогаш мора да му биде најдраго". Затоа тој на воените походи и на лов се изложувал на најголеми тешкотии и опасности.
Особено излегувал од кожа кога гледал дека го клеветат него лично. Тогаш знаел да биде суров и безмилосен, зашто повеќе сакал добар глас за себе отколку животот и престолот.

vlado_sk- Студент
-
Треснал Глупости : 48
Поени : 169
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 36
Се наоѓам : skopje
Ден на регистрирање : 2010-01-25
:: Македонија и свет :: Историја
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот