На Пелистер снег има, но туристи нема
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100127
На Пелистер снег има, но туристи нема
Учесниците на семинари се единствените гости што моментално престојуваат на Пелистер и покрај тоа што има паднато снег.
Во хотелот Молика велат дека до 20-ти јануари капацитетите биле исполнети со домашни и странски гости, но сега единствено семинарите пополнуваат места.
„Минатата година беше година на рецесија која кај нас најмногу се почувствува кон крајот на октомври и почетокот на ноември. Затоа ние ги намаливме цените и за разлика од минатата година кога полн пансион беше 35 евра, оваа сезона цената е 30 евра и така ќе биде до крајот на март“, вели Никола Каровски, шеф на хотел Молика.
Според него, една од причините за ваквата состојба е нефункционирањето на жичарницата.
„Неработењето на жичарницата се чувствува за жал видно и кај нас, ги нема оние гости кои постојано доаѓаа, но сепак за викенди и празници доаѓаат. Ние се надеваме од пролет да биде жичарницата во функција, околу преговорите за тоа кој ќе стопанисува со неа преговорите се во тек и се надеваме дека и ние ќе имаме таму некаков удел “, вели Каровски.
Тој повикува на соодветно одржување на терените Копанки.
„Еве сега видовте дека имаме околу 30 тина сантиметри снег, но тоа е доволно да се одржува патеката, затоа и ние се вклучивме во нејзиното чистење, таа има добра местоположба која позитивно влијае на одржување на добри терени, вели Каровски.
За разлика од зимските денови некогаш кога овој простор беше исполнет со бројни туристи, сега бројот на гости е поголем во лето. Сепак, промоцијата на Битола, Хотелот Молика и пелистерските убавини не треба да застане, токму затоа и треба да заживее жичарницата на Копанки.
vlado_sk- Студент
-
Треснал Глупости : 48
Поени : 169
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 36
Се наоѓам : skopje
Ден на регистрирање : 2010-01-25
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот