Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Аџилак - петтиот столб на Исламот

Go down

Аџилак - петтиот столб на Исламот Empty Аџилак - петтиот столб на Исламот

Пишување by GBL Сре Јан 27 2010, 02:15

Аџилакот е еден од петте столба од практикувањето на Исламот. Тој преставува обврска за сите муслимани кои се физички и финансиски способни да го направат истиот.

Аџилак - петтиот столб на Исламот 5br2bo


Тој се случува секоја година помеѓу 7миот и 13тиот ден од 12тиот месец, месецот Д’ал-Хиџа (Dhu al-Hijjah, арапски: ذو الحجة ). Бидејќи муслиманскиот календар е лунарен календар, не се совпаѓа со грегоријанскиот календар кој се користи низ целиот свет и затоа, секоја година терминот за аџилак е различен.

Аџилакот се поистоветува со животот на исламскиот пророк Мухамед, но ритуалниот аџилак до Мека, муслиманите сметаат дека потекнува уште од времето на Ибрахим (Авраам, во Стариот Завет од Библијата). Аџиите од цел свет се собираат на една недела во Мека, каде извршуваат серија на ритуали:

* Секој аџија треба седум пати, во обратен правец од стрелките на часовникот, да ја заобиколи Ќаба, зградата во форма на коцка, најсветото место за муслиманите;
* Треба да го баци „Црниот камен“ на аголот на Ќаба;
* Седум пати да го помине патот помеѓу двете планини Аш-Шафа и Ал-Марвах (арапски: الصفا Aş-Şafā ‎; المروة Al-Marwah);
* Да се напие вода од изворот Замзам;
* Да оди на рамнините на планината Арафат и да бдее стоечки;
* И да фрла камења во ритуалното „каменување на Ѓаволот“.

Аџилак - петтиот столб на Исламот 2rq10uu

После овие ритуали, аџиите се бричат, изведуваат ритуал на животинска жртва и го слават 4 дневниот „Фестивал на жртвата“ - спомен на одлучноста Ибрахим (Авраам) да го жртвува својот син како знак на послушност на Бога.

Последниот аџилак се одржа помеѓу 25ти и 29ти ноември, 2009та година. Останатите столбови од практикувањето на Исламот се: Исповедањето на верата, молитвата, постот и дарежливоста.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Аџилак - петтиот столб на Исламот Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот