Билборд со Фрчковски на Ројтерс
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20091205
Билборд со Фрчковски на Ројтерс
Билборд со слика од професорот и поранешен претседателски кандидат Љубомир Фрчковски, пред кој стои дете облечено во униформа на Супермен, во сабота осамна на порталот на светски познатата новинска агенција Ројтерс.
Во текстот во кој моќници од различни бранши дебатираат за позициите на САД, насловен “Дали на Америка и е загрозен статусот на светска супер сила”, не се знае дали сликата е вметната со цел да прикаже некој контраст или станува збор за ненамерна грешка на авторот на текстот.
Се чини македонските политичари стануваат сè попопуларни во светот, а слики од Македонија не ретко завршуваат на некој од светски познатите портали.
Неодамна, слична грешка беше направена и во реномираното списание Bussinnes Week во текст посветен на Грција. Списанието од 13 октомври излезе со статија за државите со најголем јаз меѓу богатите и сиромашните. На фотографиите во текстот, Грција беше претставена со две фотографии. Едната луксузна од грчкиот остров Санторини, што алудира на благосостојба, а наспроти неа, беше прикачена фотографија од Скопје, на која еден бездомник лежи под билборд на поранешниот скопски градоначалник Трифун Костовски, што според авторите на сторијата, треба да ја прикаже сиромашната страна на Грција.
Тогаш редакцијата на Макфакс се обрати до авторот на текстот, при што се утврди дека станува збор за ненамерна грешка.
Дали и овојпат со сликата на Фрчковски светски познатите медиуми се обидуваат нешто да илустрираат треба сами да заклучиме, а во меѓувреме додека сурфаме по странските сајтови не треба да не зачуди доколку наидеме на слика од нашите политичари.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот