Митрова: Во затворот ми велеа да се убијам затоа што сум Бугарка
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20091009
Митрова: Во затворот ми велеа да се убијам затоа што сум Бугарка
9 октомври, (Нетпрес) - Командирка во затворот ми велеше да земам пушка и да се убијам затоа што сум се декларирала како Бугарка, вели гевгеличанката со бугарски пасош Спаска Митрова во ексклузивно интервју за бугарска телевизија по нејзиното ослободување од затворот “Идризово“ вчераутро.
Митрова, која одлежа повеќе од два месеци во затворот поради непочитување на судска пресуда во интервјуто ги обвинува чуварите во затворот дека психички ја малтретирале поради тоа што била Бугарка.
“Правата што ми следат не ми беа дадени, лекарска помош не ми беше дозволена. Со затворениците немав проблеми, имав со службата“, вели “Бугарката“ Митрова во разговор со новинарот на бугарската телевизија “БТВ“.
Митрова во интервјуто вели дека полицијата се однесувала агресивно со неа, и дека кога вчера отишла во полициската станица во Гевгелија да си ја побара ќерката, полицајците не сакале да и кажат каде.
Мајката на Митрова, Сузана обвинува дека Центарот за социјални работи на почетокот на затворската казна на ќерка и, испратиле жена за да ја малтретира во затворот.
Денеска бугарската телевизија објавува дека Митрова чека да и биде издадена виза за да може да влезе во Бугарија, бидејќи таа се уште нема бугарски документи. Бугарската амбасада во Скопје и ветила дека документите ќе и бидат средени во најкус рок.
Митрова во Бугарија ќе патува за да биде лекарски прегледана, бидејќи се жали на здравствени проблеми поради престојот во затворот. Медиумите во Бугарија најавуваат дека гевгеличанката ќе има средби и со бугарските власти.
Бугарските медиуми, објавија дека, бидејќи Митрова е порано ослободена, македонските власти не се подготвени да и ја вратат ќерката.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот