Бин Ладен во нова аудио порака ги критикува САД
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20090914
Бин Ладен во нова аудио порака ги критикува САД
14 септември, Аудио порака од лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен е објавена на една интернет страница на Исламистите, пренесува Би-Би-Си.
Пораката, насловената како “изјава до американскиот народ“, била долга 10 минути заедно со фотографија од Бин Ладен, но немало видео. Во пораката, гласот му се обраќа на претседателот на САД, велејќи му дека “немоќен“ да ги запре војните во Ирак и Авганистан. Пораката доаѓа само два дена откако САД ја одбележаа осумгодишнината од нападите на 11 септември 2001 година.
На снимката, гласот зборува што ја мотивирало мрежата на Ал Каеда да ги спроведе нападите на 11 септември. Тој објаснува дека во најголема мера биле револтирани поради поддршката на САД на Израел.
“Дојде време за да се ослободите самите себе од стравот и идеолошкиот тероризам на нео-конзервативното и израелското лоби. Причината за нашиот презир кон вас е вашата поддршка за вашиот сојузник Израел“, вели гласот на аудио снимката.
Гласот, за кој се верува дека е на Бин Ладен, зборува и за тоа како би можел да заврши конфликтот меѓу Ал Каеда и САД.
“Ако вие ја запрете војната, тогаш добро. Во спротивно ние ќе немаме избор освен да ја продолжиме нашата војна на сите фронтови. Ако изберете безбедност и ја запрете војната, како што истражувањата на јавното мислење ви покажуваат, тогаш ние сме подготвени да одговориме на тоа“, вели гласот.
Бин Ладен се верува дека се крие во планините на авганистанско-пакистанската граница. Во неговата последна порака во јуни, Бин Ладен рече дека американскиот претседател Барак Обама го засадил семето на “одмазда и омраза“ кон САД во муслиманскиот свет.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот