System upgrade...
2 posters
:: Забава и култура :: Хумор
Страна 1 of 1
System upgrade...
Почитувани,
Минатата година го надградив Дечко 5.0 во Сопруг 1.0 и забележав дека новиот програм прави неочекувани промени во сметководствените модули, ограничувајќи го пристапот до апликациите Цвеќе и Накит, кои беспрекорно функционираа под Дечко 5.0.
Како дополнување, Сопруг 1.0 одинсталира голем број други вредни програми, како Романтика 9.9, но инсталираше непосакувани апликации како Калчо 5.0, Лига на Шампиони 3.0 и НБА 4.4. Разговор 8.0 повеќе не функционира а Чистење дома 2.6 едноставно доведува до пад на системот. Се обидов да ги решам проблемите со стартување на апликацијата Досаѓање 5.3, но немав успех.
Ваша,
Очајна Домаќинка
------------------------------
Почитувана Очајна Домаќинка,
Не треба да заборавите дека Дечко 5.0 е ентертејмент пакет, додека Сопруг 1.0 е оперативен систем.
Обидете се да ја внесете командата C:\ МИСЛЕВ ДЕКА МЕ САКАШ и инсталирајте го програмот Солзи 6.2. Тогаш Сопруг 1.0 би требало автоматски да ги стартува апликациите Вина 3.0 и Цвеќиња 7.0. Треба да запаметите дека честото користење на овие програми, може да доведе до оштетување на оперативниот систем и да го наведат Сопруг 1.0 при подигање на системот автоматски да ги стартува апликациите Намќор 2.5 или Пиво 6.1. Последнава апликација е посебно лоша бидејќи ги создава фајловите Гласно_рчење.мр3.
Посебно внимавајте околу вирусот Путеранка, кој е програмиран неповратно да го расипе Сопруг 1.0 (како и сите други идни надградби на апликацијата Сопруг).
НИКАКО не го инсталирајте програмот Баба 1.0 и не помислувајте за реинсталација на програмот Дечко. Ова не се подржани апликации и ќе доведат до сигурен пад на Сопруг 1.0.
Да заклучиме, Сопруг 1.0 е одличен програм, меѓутоа има ограничена меморија и не може брзо да учи нови апликации.
Размислите за купување на нов софтвер кој би ги подобрил неговите перформанси. Јас лично ви ги препорачувам Топол Оброк 3.0, Долна Облека 7.2 и Стегнато Тело 10.1
Се надеваме дека ви помогнавме,
Техничка поддршка

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот