„Оскар“ по 81 пат
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20090223
„Оскар“ по 81 пат
Во познатиот „Кодак театар“ во Холивуд вечерва ќе се одржи 81-та церемонија на доделување „Оскар“. Домаќин на годинашното доделување на престижните награди на Американската филмска академија, во 24 категории, е популарниот австралиски актер Хју Џекман.
Најголем претендент за златната статуетка е филмот „Необичниот случај на Бенџамин Батон“ со Бред Пит и Кејт Бланшет во главните улоги. Ова остварување на Дејвид Финчер има 13 номинации, меѓу кои за најдобра режија, за сценарио, како и за машка и споредна женска улога.
Во трка за најдобар филм покрај „Необичниот случај на Бенџамин Батон“ се и „Фрост/Никсон“, „Милк“, „Сиромашниот милионер“ и „Читачот“.
Номинирани за најдобра режија се Дени Бојл со „Сиромашниот милионер“, Гас Ван Сент за „Милк“, Рон Хауард со „Фрост/Никсон“ и Стивен Далдри за „Читачот“.
За најдобра машка улога, освен Бред Пит, ќе се „борат“ и Шон Пен, Френк Лангела, Мики Рурк и Ричард Џенкинс.
За најдобра женска улога, пак, се номинирани Кејт Винслет, Ен Хатавеј, Мерил Стрип Анџелина Џоли и Мелиса Лео.
Трагично починатиот Хит Леџер, Џош Бролин, Мајкл Шанон, Роберт Дауни Џуниор и Филип Симур Хофман претендираат за најдобра споредна машка улога, а за најдобра споредна женска улога се номинирани Пенелопе Круз, Ејми Адамс, Вајола Дејвис, Тараџи Хенсон и Мариса Томеи.
Номинирани за најдобар анимиран филм се трите остварувања „WALL-E“, „Кунг фу Панда“ и „Стрела“, а за најдобар странски филм ќе се натпреваруваат францускиот „Клас“, израелскиот „Валцер со Башир“, германскиот „Комлекс Бадер Мајнхоф“, австрискиот „Освета“ и јапонскиот „Заминувања“.
Резултатите од гласањето се држат во тајност до одржувањето на церемонијата.
jelena- Пуфла
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1969
Поени : 192
Репутација : 5
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : Into the Wild...
Ден на регистрирање : 2007-08-22
„Оскар“ по 81 пат :: Comments
Re: „Оскар“ по 81 пат
за машка улога сигурна сум дека ке е Брет Пит доста е пофален филмот а и имаше доста пофалби до Брет... за жени не знам ги гледав филмојте и со Анџелина Џоли и со Кејт Винслет искрено појке ми се бендиса Џоли ем подобар филм ем подобра улога... а за филм „Необичниот случај на Бенџамин Батон“ ке земи доста награди :laugh: доста беше со мојата прогноза ке видиме шо ке се деси :popcorn:
Американската филмска академија синоќа во холивудскиот театар „Кодак“ во Лос Анџелес ја додели 81. филмска награда Оскар во 24 категории. Оскарот за најдобар филм минатата година му припадна на филмот „Милионерот скитник“, а во трката за оваа награда беа и „Необичниот случај на Бенџамин Батон“, „Фрост/Никсон“, „Милк“ и „Читачот“. Од вкупно 10 номинации, филмот на британскиот режисер Дени Бојл „Милионерот скитник“, за победата во квиз на едно сиромашно момче од индискиот град Мумбај, освои вкупно осум Оскари.
Оскарот за најдобра машка улога му припадна на американскиот глумец Шон Пен за ролјата во филмот „Милк“, а останати номинирани беа Бред Пит („Необичниот случај на Бенџамин Батон“), Френк Лангела („Фрост/Никсон“), Мики Рурк („Борач“) и Ричард Џенкинс („Посетител“).
Американската филмска награда за најдобра главна женска улога ја освои британската глумица Кејт Винслет во филмот „Читач“, а останатите претендентки беа младата глумица Ен Хатавеј („Венчавката на Рејчел“), ветеранката Мерил Стрип („Сомнеж“), Анџелина Џоли („Замена“) и малку познатата Мелиса Лео („Смрзната река“).
Оскарот за најдобра режија му припадна на Дени Бојл за филмот „Милионерот скитник“, а номинираните беа Дејвид Финчер со филмот „Необичниот случај на Бенџамин Батон“, Гас Ван Сент со „Милк“, Рон Хауард со „Фрост/Никсон“ и Стивен Далдри со филмот „Читач“. На трагично починатиот австралиски глумец Хит Леџер, кој игра во филмот „Мрачниот витез“, постхумно му беше доделен Оскар за најдобра споредна машка улога, а за оваа награда се натпреваруваа и Џош Бролин („Милк“), Мајкл Шенон („Револуционерен пат“), Роберт Дауни Јуниор („Тропска грмотевица“) и Филип Симур Хофман („Сомнеж“). Златната статуетка за Леџер ќе и биде предадена на неговата тригодишна ќерка Матилда, но дури кога ќе наполни 18 години.
Оскарот за најдобра споредна женска улога го освои шпанската глумица Пенелопе Круз за филмот „Љубов во Барселона“, а во трката за оваа награда беа Ејми Адамс („Сомнеж“), Вајола Дејвис („Сомнеж“), Тараџи П. Хенсон („Необичниот случај на Бенџамин Батон“) и Мариса Томеи („Борач“). Ова е првиот Оскар кој досега го добила убавата шпанска глумица. Златна статуетка за најдобро остварување од неанглиско говорно подрачје доби јапонскиот филм „Заминувања“, а во конкуренција се наоѓаа францускиот филм „Одделение“, израелскиот „Валцер со Башира“, германскиот „Комплексот Бадер Мајнхоф“ и австрискиот „Освета“.
Меѓу останатите признанија, за најдобар анимиран фил е прогласен „Вол-Е“ (WALL-E) на Ендрју Стентон, а номинирани беа и „Кунг Фу Панда“ и „Стрела“.

Како редовен гледач на оскарите само можам да речам дека годинава организацијата промашија за изборот на водител со ангажирањето на Хју Џекмен.Тој одлично си ја заврши својата работа како домаќин на оскарите ама фалеше тоа што е најпретознатливо кај оскарите,а тоа е хуморот.Џекмен најискрено ме изненади со неговата одлична музичка изведба на сцена,што сите ние и не сме навикнати да го гледаме во такво издание.
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот