Фејсбук предизикува рак?!
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20090220
Фејсбук предизикува рак?!
Комуницирањето со други луѓе преку интернет-мрежите како што се Фејсбук и Мај-Спејс го зголемува ризикот од рак, срцеви заболувања, мозочен удар и други болести, изјавил доктор Арик Сигман во новиот број на списанието што го издава Британскиот институт за биологија.
Испраќањето на e-mail пораки наместо комуникација „очи во очи“ може да ги поттикне гените да го променат однесувањето и да го ослабат имунолошкиот систем, да го нарушат соодносот на хормоните и функционирањето на артериите, и на тој начин да му се нанесе штета на психичкото здравје. Една од причините за лошото влијание на Фејсбук и Мај-Спејс врз здравјето на луѓето е и тоа што некои добротворни хормони, како окситоцинот, се излачуваат само кога луѓето се во близок физички контакт.
Некои гени одговорни за имунолошкиот систем и санирањето на стресот различно реагираат кога се работи за виртуелен или физички контакт, заклучил доктор Сигман.
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот