Одри Хепберн најубава глумица на сите времиња
2 posters
:: Забава и култура :: Филм
Страна 1 of 1
Одри Хепберн најубава глумица на сите времиња
Одри Хепберн, ѕвездата на филмовите „Појадок кај Тифани“, „Пигмалион“ и „Празник во Рим“, е прогласена за најубава филмска глумица на сите времиња според истражување на „Sky HD“.
Тенката бринета со неодолив шарм зад себе остави бројни убавици како Анџелина Џоли, која го зазеде второто место, Грејс Кели, која е трета, па дури и фаталната Мерлин Монро, Софија Лорен, Брижит Бардо...
Во истражуањето учествувале 2.000 обожаватели на филмот, кои Одри Хепберн ја сместија на самиот врв на најубави холивудски глумици, а во своето образложение наведоа дека тоа е првенствено поради нејзините совршени црти на лицето и бадемастите очи.
„Според дефиниција за филмска убавица, таа жена мора да биде еднакво убава како на слика, така и во живо. Одри Хепберн веројатно ја поседува таа вонвременска убавина што го потврдува и изборот на гледачите“, изјави уредничката на списанието „Vogue“ Молтон.
Анџелина Џоли
Овој избор е интересен поради две работи, а тоа е дека и покрај врежаните мислења дека блондинките се атрактивни, оваа листа ги фаворизира бринетите, како и дека младите гледачи гласале за моментално популарните глумици, како што е Анџелина Џоли.
Само три блондинки се најдоа меѓу првите десет и тоа Грејс Кели, Мерлин Монро и Брижит Бардо. Сепак, на листата не се најдоа одличните глумци и убавици како Вивијен Ли, Рита Хејворт или Грета Гарбо, кои по својата прилика ги заменија младите сили во ликовите на Кетрин Зета Џонс, Кира Најтли, Хали Бери и Никол Кидман.
Еве ја целата листа на десет најубави глумици на сите времиња:
Хали Бери
1. Одри Хепберн
2. Анџелина Џоли
3. Грејс Кели
4. Мерлин Монро
5. Софија Лорен
6. Кетрин Зета Џонс
7. Елизабет Тејлор
8. Кира Најтли
9. Хали Бери
10. Брижит Бардо
jelena- Пуфла
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1969
Поени : 192
Репутација : 5
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : Into the Wild...
Ден на регистрирање : 2007-08-22
Re: Одри Хепберн најубава глумица на сите времиња
па имајки предвид дека во нејзино време не била баш модерна пластичната хирургија и најмногу шо имала на неа била шминката денешните "убавици" можат да и носат вода :worshippy: :worshippy: :worshippy:
jelena- Пуфла
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1969
Поени : 192
Репутација : 5
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : Into the Wild...
Ден на регистрирање : 2007-08-22
Re: Одри Хепберн најубава глумица на сите времиња
Конечно и во холивуд една асална анкета да направат...
ТОТАЛНО се слагам за изборот :thumbup1:
ТОТАЛНО се слагам за изборот :thumbup1:
:: Забава и култура :: Филм
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот