Сопственикот на „Фејсбук“ им исплати 65 милиони долари на своите бивши колеги од Харвард
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20090218
Сопственикот на „Фејсбук“ им исплати 65 милиони долари на своите бивши колеги од Харвард
Фејсбук треба да исплати 65 милиони долари за да се заврши судскиот процес во кој сегашниот сопственик Марк Цукерберг е обвинет дека идеите за својот друштвен сајт ги украл од компанијата ConnectU.
Случајот против Цукенберг го покренале тројца негови бивши соученици Дивија Нарендра и браќата Тајлер и Камерон Винклевос со намера да ја обелоденат вистината за Фејсбук.
Но и покрај тоа што обете страни се договорија деталите за спогодбата да ги сочуваат во тајност, адвокатската фирма која ги застапувала ConnectU ја објавиле сумата во својот „newsletter“ што било доволно таа да се појави во јавност.
Деталите биле добро чувани во тајност се до пред некој ден. Во процесот двете страни оделе до таму што барале од судијата да ги отстрани сите новинари и репортри. Но адвокатската фирма тогаш во својот „newsletter“ објавила „Добивме спогодба вредна 65 милиони долари против Фејсбук“. ConnectU веднаш ги ослободи од обврските својте правни застапници Quin Emanuel Urguhart Oliver&Hedges кои бараат да им биде исплатени 13 милиони долари на основ на договорот „no win, no fee“.
Случајот завршил во суд минатиот јули, а сите мислеле дека судијата ќе ја отфрли тужбата поднесена од компанијата ConnectU. Според сопствениците на компанијата, човекот кој е заслужен за основањето на Фејсбук, Цукерберг наводно ги украл идеите, технологијата, дизајнот и бизнис планот од нив додека заедно студирале на Харвард.
Фејсбук тргна во февруари 2004-та година, а ConnectU, које исто така друштвен сајт, три месеци подоцна, но тој сега има помалку од 100.000 членови, додека од друга страна Фејсбук располага со извонредна цифра од повеќе од 150 милиони. Компанијата ConnectU ја поднела тужбата против Фејсбук уште во 2004-та година.
Основите за спогодбата беа земени од номиналната вредност на акциите на Фејсбук по инвестицијата која пристигна од Мајкрософтво 2007-та година со која американскиот софтверски гигант за 1,6 проценти удел во Фејсбук плати рекордни 240 милиони долари.
Судот ја процени вредноста на Фејсбук на 3,7 милијарди долари, и покрај тврдењата на ConnectU дека таа е многупати поголема и дека изнесува 15 милијарди долари.
Според судската спогодба Фејсбук е обврзан на ConnectU да му исплати 65 милиони долари од кои 20 милиони во готово додека остатокот од 45 милиони треба да бидат исплатени во акции.
Извор: Кирилица
Сопственикот на „Фејсбук“ им исплати 65 милиони долари на своите бивши колеги од Харвард :: Comments
No Comment.
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот